2.9 C
Ohrid
петок, април 26, 2024
ПочетнаМакедонијаВенко Филипче: Нека не ве плаши коронавирусот, опремени сме со 150 кревети,...

Венко Филипче: Нека не ве плаши коронавирусот, опремени сме со 150 кревети, имаме исто така и маски и скафандери

spot_imgspot_img

Сите лица кои пристигнале во државава од критичните региони каде има заразени од коронавирусот да се придржуваат до препораките кои ги добиле во флаерот, а тоа е доколку после патувањето во одреден период од две недели добијат некакви симптоми да не одат низ здравствените институции, туку да се јават на телефоните во Центарот за јавно здравје или Институтот за јавно здравје, за да може тим соодветно опремен да ги посети во нивните домови. Здравствениот систем е подготвен и подготвени се сите капацитети на Клиниката за инфективни болести и на трите инфективни одделенија во Штип, Велес и Гостивар. Сите четири институции располагаат со околу 150 кревети. Јавноста да не наседнува на лажни вести и да не се крева паника без потреба.

Ова денеска го изјави министерот за здравство Венко Филипче, кој уште еднаш апелираше да не се патува без некоја посебна потреба во Италија, посебно во северните делови, како и во критичните региони без итна потреба, а граѓаните да се придржуваат на мерките што се дистрибуирани во смисла на одржување лична хигиена, бидејќи тоа помага во спречување на ширење на инфекцијата и сите други инфекции, како и актуелниот грип.

На денешната седница на Владата ќе се разговара за откажување на сите планирани патувања во Европа организирани од страна на државните институции.

Филипче потенцира дека има сосема доволна количина потребен материјал, односно оти располагаат со околу 40.000 маски и 10.000 мантили и скафандери, но оти се подготвува и набавка на дополнителен број.

„Во текот на денот ќе се дистрибуира целиот материјал, информативниот прашалник и заштитниот материјал до сите гранични сувоземни премини и дополнение на аеродромите таму каде што недостига. Имаме сосема доволна количина резерви како на маски, мантили, понатаму на скафандери која ќе ја дополниме во периодот што следи“, рече Филипче.

Во врска со тоа дали има доволно маски во аптеките рече дека контактирале со неколку добавувачи и тие им кажале дека има доволна количина.

Истовремено, нагласи, денеска очекуваме да се надополни оваа сега резерва што ја имаме со одредена количина и од Црвениот крст, така што во овој момент немаме информација дека нема доволно материјал.

„Ние сме на располагање 24 часа за споделување на сите точни информации во однос на тоа што точно се случува со пациентите, протокот, влезот, најавените можни патници од критичните региони и мерките кои ги преземаме“, истакна Филипче и додаде дека во рамките на Министерството за здравство ќе функционира кризна група во која ќе членуваат експерти од областа на епидемиологијата и инфективните болести со цел менаџирање на сите информации и тековни активности во врска со случаите со коронавирус“, додаде Филипче.

фактор

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Од денеска поскапува регистрацијата на возилата

Осигурителните компании денеска ги пречекаа граѓаните со нови ценовници. Цената на полисата за автоодговорност е поскапена за 15,4 отсто. Па така наместо досегашните 5.453...

Нереално е дека Давкова ќе победи со 100 илјади гласови разлика, рече Маричиќ пред месец дена во студиото на ТВ21

Бојан Маричиќ од студиото на ТВ21 пред еден месец, рече дека борбата помеѓу Силјановска-Давкова и Пендаровски ќе биде тесна, и дека Пендаровски на крајот...

Стружанецот Качевски, кој е ФИФА судија прослави јубилеј: 100 отсудени меча во ПМФЛ

Стружанецот Качевски, кој е ФИФА судија од 2022 година, имаше јубилеј во Првата македонска фудбалска лига. Зад своето име арбитарот дојде до бројката од...

Стигнаа 76 неборбени возила од Норвешка за Македонија

Кралството Норвешка денеска ѝ ја предаде донацијата од 76 неборбени моторни возила на земјава. На предавањето на возилата во касарната „Илинден“ во Скопје свои...