1.9 C
Ohrid
четврток, декември 19, 2024
ПочетнаМакедонијаДебарцаЕвроамбасадорот Гир во целодневна работна посета на општина Дебрца

Евроамбасадорот Гир во целодневна работна посета на општина Дебрца

spot_img

Шефот на Делегацијата на Европската Унија, Давид Гир, денешниот ден го мина во целодневна работна посета на општина Дебрца.

Притоа, евроамбасадорот Гир имаше работна средба со градоначалникот Зоран Ногачески и членовите на Советот на Општина Дебрца, по што изврши посета и промоција на дел од претходно реализираните проекти, поддржани и од страна на Европската Унија.

Денес бев домаќин на Амбасадорот на Делегацијата на ЕУ во Македонија,Г-дин Дејвид Гир,кој беше во работна посета на општина Дебрца- пишува Градоначалникот Ногачески.

На средбата евроамбасадорот го запознав со личната карта на општината,нејзиното природно и културно историско наследство, нашите заложби општината да прерасне во високорангирана еко туристичка дестинација,со акцент на развојот на зелената економија ,руралниот туризам и производството на здрава храна.

Гостинот го информирав за тековните и идните проекти, за можностите за развој, предизвиците со кои се соочуваме како локална самоуправа.

На средбата стана збор и за проектите реализирани во општината со средства од претпристапните фондови на ЕУ,особено потенцирајќи ги грантот на ЕУ за рурална инфраструктура, кој беше искористен за изградба на две улици во село Мешеишта и набавка на механизација за потребите на јавното претпријатие, conse pp проектот финансиран од Програмата за прекугранична соработка Македонија-Грција, во чии рамки е адаптирана зградата на идниот изложбен центар на Белчишкото Блато во село Белчишта и проектот “Нови можности за безбеден авантуристички зимски туризам”, финансиран од Програмата за прекугранична соработка Македонија-Албанија, во чии рамки е адаптирана Планинската куќа во село Брежани.

И во оваа прилика до евроамбасадорот изразив голема благодарност за досегашната поддршка,при што заеднички констатиравме дека искористувањето на претпристапните фондови на ЕУ е важно за евроинтеграциите на нашата земја, а уште повеќе за општина Дебрца која е со ограничени финансиски ресурси, со оглед на тоа што парите кои се користат од овие фондови се инвестираат во конкретни проекти, кои го подобруваат квалитетот на животот на граѓаните.

Ја потенциравме определбата нашата соработка да продолжи и на идни проекти од интерес на граѓаните,а за што како општина сме подготвени со конкретни проекти.

Евроамбасадорот оствари средба и со членовите на Советот на општината,невладини организации,а имаше и средба со граѓани.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Двајца тетовчани го претепале шоферот на пајак службата.

На 17.12.2024 во 14.00 часот во СВР Тетово, С.Ј. (23) од Тетово пријавил дека околу 17.00 часот на работното место во пајак возило на...

Ковачевски, чист како солза: Секогаш работев во согласност со законите

Поранешниот премиер, а сега пратеник во Собранието, Димитар Ковачевски изјави дека во целото негово работење и како премиер и како заменик-министер за финансии, се...

Адвокатот на Бајрами: Клиентот мој не е избеган, само не е во Македонија.

Адвокатот Антонио ќе го застапува поранешниот директор на Државна лотарија Перпарим Бајрами во случајот за кој тој заедно со поранешниот вицепремиер Артан Груби и...

Со писмо 30 доктори од болницата Козле бараат разрешување на директорката, Каролина Симоновска

30 доктори од болницата Козле бараат итно разрешување на директорката на болницата, Каролина Симоновска. Преку писмо се обратија до јавноста наведувајќи сериозни проблеми во...