6.9 C
Ohrid
петок, декември 20, 2024
ПочетнаUncategorized @mkМакедонец убиен во Бугарија: 14-годишник го удрил со остар кол

Македонец убиен во Бугарија: 14-годишник го удрил со остар кол

spot_img

Македонски државјанин на возраст од 49 години вчера е пронајден мртов во Сончев Брег во Бугарија. Осомничен за убиството е 14-годишно момче од Несебар, соопшти бугарската полиција, а пренесува новинаската агеција БТА.

Констатирано е дека телото е на 49-годишен државјанин на Република Северна Македонија, кој влегол во Бугарија на 24 јануари годинава преку граничниот премин Деве Баир- Ѓуешево. По извршениот увид на полицијата, меѓу кои распити, одземање видеоснимки од безбедносни камери и слично, утврдено е дека извршител на убиството е 14-годишник од Несебар, на кого му е одредена мерка притвор во траење од 24 часа, соопшти бугарското МВР.

Според истражителите, осомничениот делото го извршил удирајќи го со остар кол. Причините за убиството се истражуваат, а Обвинителството во Бургас се очекува во текот на денот да соопшти детали од истрагата.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Митрополитот Петар: “Да се прогласи Св. Никола за неработен ден, за сите да можеме да се најдеме во храмовите и заеднички да празнуваме”

По 17-ти пат прилепчани вчера се поклонија пред својот заштитник на градот, Светиот Николај Чудотворец, празник кој најмасовно се празнува во градот под Марковите...

Пукање во Дебар – непознати напаѓачи пукале во полицајци кои се обиделе да ги запрат !!

Полицајци од граничната полиција вчеравечер во Дебар биле нападнати од двајца непознати напаѓачи, кои пукале во нив откако полицајците ги забележале како се движат...

Арачиновци длабоко под земја наместо компири, имале закопано оружје и бомби.

Куп експлозив и оружје е најдено во Арачиново, во дворот каде со багери се копа со денови, дознава „Скопје1“. На локацијата се копаше повеќе...

Жена од Велешта една година крадела струја

Педесет и четиригодишна жителка на струшкото село Велешта доби кривична пријава поради кражба на електрична енергија, соопшти денеска СВР Охрид. Според информацијата, ОВР Струга поднело...