18.9 C
Ohrid
сабота, септември 28, 2024
ПочетнаМакедонијаГрадоначалникот Пецаков оствари средба со американската амбасадрока Н.Е. Анџела Агелер

Градоначалникот Пецаков оствари средба со американската амбасадрока Н.Е. Анџела Агелер

Денес во просториите на Општина Охрид, градоначалникот Кирил Пецаков оствари срдечна средба со американската амбасадрока Н.Е. Анџела Агелер која беше придружувана од тим на експерти од областа на заштитата на животната средина и влијанието на луѓето врз езерата.

Фокус на разговорот беше животната средина, УНЕСКО и развојот на градот. Ја информирав амбасадорката дека во тек се неколку проетки кои се од оваа област, како и за проектите кои е изготвена потребната документација и за кои се чека обезбедување на финасии како што се изградба на прочистителна станица Трпејца и изградба на канализациона мрежа долж охридското крајбреже до Св. Наум. Исто така разговаравме и за напредокот во исполнувањето на препораките од УНЕСКО. Тука потенцирано беше дека Охрид предначи во реализацијата на препораките додека другите засегнати општини доцнат.

Тимот на екпертите и амбасадорката изразија поддршка за посветеноста на Општина Охрид и за целосноата посветеност во имплементирањето на препораките, како и за посветеноста во реализација на проекти кои се клучни во заштитата на Охридското езеро и животната средина. Амбасадорката Агелер истакна дека Општината ја има и ќе ја има поддршката од Американската амбасада за посочените проекти.

Експертите кои подолг период престојуваат во Охрид и притоа имаат остварено средби со засегнатите страни во менаџментот на Охридското езеро, владини претставници, експерти, како и со невладини и граѓански организации, изразија позитивни видувања за придвижувањето кон позитивна насока на заштитата на Охридското езеро.

Сето ова е потврда дека Општина Охрид се движи во посакуваниот и правилниот правец!

spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Кривична за пратеник на СДСМ и екс директор на затвор: Пуштал затвореници да се шетаат во странство

Кривична пријава заработи актуелниот пратеник на СДСМ и поранешен директор на струмичкиот затвор Борче Цветков кој им наредувал на стражарите тројца затвореници да ги...

Патот Кичево-Дебар како легендата за Розафа – преку ден се копа, преку ноќ се одронува !!!

Се наоѓаме на патот Кичево – Дебар, овој пат е долг 19 километри и требаше да заврши во ноември 2023 година. Но, како што...

Мистерија во Зајас, никој не знае чија е спортската сала

Оваа спортска сала е изградена во 2009/2010 година во дворот на основното училиште во село Зајас, Кичево. Најчудно е што никој не знае чиј...

Четиринаесетгодишно девојче од Скопје, по кое два дена трагала полицијата, било силувано

Четиринаесетгодишно девојче од Скопје, по кое два дена трагала полицијата, било силувано од 18-годишник, пријавила нејзината старателка. -На 27.09.2024 во 20.00 часот во Полициското одделение...