100 ДЕНА ОТЧЕТ ЗА РАБОТЕЊЕТО НА ЈПКД-ДЕБРЦА 03.09.2024 – 31.12.2024
Во период од 100 дена по превземањето на Јавното Претпријатие за комунална дејност Дебрца на 03.09.2024 од страна на В.Д. Директорот Тино Секулоски, реализирани се значајни активности и постигнувања кои ја подобрија инфраструктурата и услугите за сите жители на Општина Дебрца. Овој отчет ја покажува посветеноста, кое со својот ангажман и соработка со Општина Дебрца, заедно со безрезервната поддршка од страна на градоначалникот Зоран Ногачески, успеа да реализира важни проекти и да ги подобри условите за живот на нашите сограѓани.
Во следниот дел на ова соопштение, ги презентираме остварените резултати кои се постигнати со напорната работа, тимската координација и посветеноста во изминатиот период.
🚩 УКИНАТИ ТРОШОЦИТЕ ЗА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА НА ПРЕТПРИЈАТИЕТО
🚩 ПРИМЕН ВО СОПСТВЕНОСТ НА ДЕБРЦА И СТАВЕН ВО ФУНКЦИЈА НОВИОТ ВОДОВОД ИЗГРАДЕН ОД СИНОХИДРО
🚩 ДОГОВОРЕНА И ПРИМЕНА ДОНАЦИЈА НА УРЕДИ ЗА КЛИМАТИЗАЦИЈА ЗА КАНЦЕЛАРИИТЕ ВО С. МЕШЕИШТА
🚩 СПРОВЕДЕНА ЗАЕДНИЧКА АКЦИЈА СО ОПШТИНА ДЕБРЦА: „ПАКЕТЧЕ ЗА СЕКОЕ ДЕТЕ“
🚩 ЧИСТЕЊЕ И ОДРЖУВАЊЕ И ХЛОРИРАЊЕ НА КАПТИЖИТЕ ЗА ВОДА
🚩 УСПЕШНО И НАВРЕМЕНО ОТСТРАНУВАЊЕ НА 2 ДЕФЕКТИ НА ГЛАВНАТА ВОДОВОДНА МРЕЖА (Св. Еразмо, цевка Ф300)
🚩 РЕДОВНА ИСПЛАТА НА ПАУШАЛОТ НА УПРАВНИОТ ОДБОР
🚩 ИСПЛАТЕНА ЗАОСТАНАТАТА ПЛАТА НА ВРАБОТЕНИТЕ
🚩 НОРМАЛИЗИРАНА ИСПЛАТА НА ПЛАТА СЕКОЈ 1 (ПРВИ) ВО МЕСЕЦОТ
🚩 ИСПЛАТЕН К-15 РЕГРЕС ПО 11.000 денари ОД ВРАБОТЕН ПРВ ПАТ ВО ПОСТОЕЊЕТО НА ПРЕТПРИЈАТИЕТО
🚩 ПОСТАВЕНИ ГПС УРЕДИ ЗА СЛЕДЕЊЕ НА СИТЕ ВОЗИЛА ВО СОПСТВЕНОСТ НА ЈКПД-ДЕБРЦА
🚩 ПОПРАВКА И СТАВАЊЕ ВО ФУНКЦИЈА НА СЛЕДНИТЕ МОТОРНИ ВОЗИЛА:
👉 BMC – „нефункционално оставен“: направен целосен сервис и ставено во функција.
👉 JCB – „нефункционално оставен“: направен целосен сервис и ставено во функција, набавени пневматици.
👉 SCANIA: направен целосен сервис и ставено во функција, набавени пневматици.
👉 Трактор John Deere: „нефункционално оставен“: направен целосен сервис и ставено во функција.
🚩 НАБАВКА НА ЗАШТИТНИ УНИФОРМИ И ЗАШТИТНИ ОБУВКИ ЗА СИТЕ ВРАБОТЕНИ
🚩 ОТСТРАНЕТИ 71 ДЕФЕКТ ОД ВОДОВОДНАТА МРЕЖА НА ОПШТИНА ДЕБРЦА
🚩 ЧИСТЕЊЕ НА СНЕГ: УСПЕШНО ИЗВРШЕНА АКЦИЈА ВО СИТЕ СЕЛА НА ТЕРИТОРИЈА НА ОПШТИНА ДЕБРЦА. КОМПЛЕТНО СТАВЕНИ ВО ФУНКЦИЈА ВО РЕКОРДНО ВРЕМЕ (2 ДЕНА) НА СИТЕ ПАТНИ ПРАВЦИ, ВКЛУЧУВАЈЌИ ГИ И НАЈВИСОКИТЕ МЕСТА (ТУРИЕ И МРАМОРЕЦ)
🚩 ПРОГРАМА ЗА УРЕДУВАЊЕ НА СИТЕ СЕЛА: Чистење на плоштади, кастрење и косење на ниска вегетација во сите села на Дебрца
Села: Арбиново, Белчишта, Ботун, Брежани, Велмеј, Волино, Врбјани, Годивје, Горенци, Горно Средоречие, Грко Поле, Долно Средоречие, Злести, Издеглавје, Климештани, Лактиње, Лешани, Мешеишта, Мраморец, Ново Село, Оздолени, Оровник, Песочани, Слатино, Слатински Чифлик, Сливово, Сошани, Требеништа, Турје и Црвена Вода.
🚩 СЕРВИСИРАНИ И СТАВЕНИ ВО ФУНКЦИЈА ХЛОРИНАТОРИТЕ НА СИТЕ ПУМПИ ВО ДЕБРЦА
🚩 ОТСТРАНЕТ ДЕФЕКТ И СТАВЕНА ВО ФУНКЦИЈА СЕЛСКАТА ЧЕШМАТА ВО СЕЛО ЗЛЕСТИ
🚩 ОБЕЗБЕДЕНА ДОНОАЦИЈА НА КАНТИ ЗА ОТПАД ОД МИНИСТЕРСТВО ЗА ЖИВОТНА СРЕДИНА И ПРОСТОРНО ПЛАНИРАЊЕ ЗА ОПШТИНА ДЕБРЦА
🚩 ИЗВЕДБА НА ВОДОВОДНА МРЕЖА ВО АРБИНОВО: ИСКОП НА КАНАЛСКИ РОВ И МОНТАЖА НА ПОЛИЕТИЛЕНСКО ЦРЕВО ЗА ВОДОСНАБДУВАЊЕ Ф 63, ВО ДОЛЖИНА ОД 900 МЕТРИ. (Проект на Општина Дебрца)
Јавното Претпријатие за комунална дејност Дебрца, предводено од Тино Секулоски, заедно со Општина Дебрца и Градоначалникот Зоран Ногачески, остануваат посветени на реализација на многу нови проекти во текот на 2025 година, со цел понатамошно подобрување на условите за живот и инфраструктурата во Општината Дебрца.
ДЕБРЦА СЕ САКА СО ДЕЛА ❤️