Општина Дебрца, во соработка со ЈПКД-Дебрца, успешно го заврши проектот за поставување на нови водоводени краци во село Сливово. Наместо првично планираните 600 метри, поставени се вкупно 900 метри водоводна мрежа, со што значително се подобрува водоснабдувањето во селото.
<
Водоводните краци се веќе целосно завршени, пуштени под притисок и поврзан со системот за водоснабдување. Овој проект директно придонесува за подобрување на условите за живот на жителите на Сливово.
Општина Дебрца и ЈПКД-Дебрца остануваат посветени на реализација на проекти кои носат конкретни придобивки за граѓаните.