13.9 C
Ohrid
петок, октомври 18, 2024
ПочетнаМакедонија Тигрите и ЕБР на терен во Дебар

Тигрите и ЕБР на терен во Дебар

Денес во Дебар а во рамки на планираните активности по повод одбележувањето на Денот на полицијата, граѓаните на Дебар и околните општини имаа прилика да ги проследат тактичко-показните вежби на припадниците на неколку полициски единици, пред голем број на дебарлани и жители на општините Центар Жупа и маврово Ростуше. Во вежбата со свои активности се преставија единицата за мото-екскортно обезбедување, Единицата за брзо распордување, Единицата за специјални задачи, како и Одделот за воздухопловни единици на МВР и Единицата за службени кучиња.

“Оваа вежба денес е еден од начините како да ја обновиме, односно зајакнеме врската меѓу граѓаните и македонската полиција на ниво на партнерство на соработка се со цел да имаме и побезбеден град и побезбедна држава, меѓутоа и побезбеден регион“, рече Спасовски.

Ова, меѓу другото го истакна министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, во својата денешна изјава по завршувањето на тактичко -показната вежба на припадниците на македонската полиција што се одржа во Дебар.

“Оваа вежба ја направивме како дел од активностите во рамки на активностите по повод 7-ми мај на Денот на полицијата, и токму затоа сакавме да биде овде во Дебар, да се претставиме пред граѓаните потикнувајќи ги сите заедно да соработуваме, но и да ги поттикнеме сите младите луѓе кои што сакаат да бидат дел од македонската полиција од овој регион“, нагласи Спасовски.

Заблагодарувајќи се на градоначалникот на општина Дебар, на медиумите, на граѓаните за масовната посета на настанот, како и на учесниците во вежбата, министерот Спасовски потенцираше дека – “сите заедно покажавме пред целата македонска јавност за капацитетот, подготвеноста, за ентузијазмот на македонските полицијци и на тој начин упативме силна порака дека македонската полиција е чувар на стабилноста и безбедноста подготвена во секој поглед даги заштити и граѓаните и Македонија“.

Инаку на вежбата на која што граѓаните покрај другото имаа можност да видат и дел од техничките потенцијали на полицијата, учествуваа припадници на Единиците за специјални задачи и за брзо распоредување, потоа припадници од Единицата за службени кучиња, од Одделот за воздухопловни единици при МВР, како и припадници на Единицата за мотоексортно обезбедување.

 

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Полициска акција за дрога во Тетово и Охрид: Уапсени 13 лица, едно е во бегство!

Претреси на 17 локации во Тетово и Охрид, уапсени се 13 лица, а едно лице е во бегство – ова е исходот од денешната...

Во Велес утре Ден на жалост поради тројцата велешани кои настрадаа во сообраќајка

Како што информират од Општина Велес, на Денот на жалост, знамињата во Општина Велес ќе бидат истакнати на половина копје, сите културни и спортски...

Боки 13 на игра ќе доделува 7 автомобили и стан во Скопје.

Боки 13 лицето кое до неодамна беше во затвор а ослободен поради влошената здравствена состојба, го организара најголемиот Giveaway во Македонија... Македонијо започнува најголемиот GIVEAWAY...

Русковска: Не сум го читала светото писмо, затоа што не сум верник !!!

Ни помалку ни повеќе не сум горда за предметот за 27 април од другите предмети, тврди разрешената шефица на ОЈО ГОКК, Вилма Русковска во...