13 C
Ohrid
петок, октомври 18, 2024
ПочетнаМакедонијаРадев свика консултации на државниот врв за билатералните односи со Македонија

Радев свика консултации на државниот врв за билатералните односи со Македонија

Претседателот на Бугарија Румен Радев за утре закажал консултативна средба на државниот врв за билатералните односи со Македонија и поканата што ја очекува од Европската унија за почеток на преговори за членство.

Средбата, како што пренесува (news.bg)., ќе се одржи во 09:30 часот, а темата е „Преглед на билатералните односи меѓу Република Бугарија и Република Северна Македонија во контекст на резултатите од работата на Мешовитата експертска комисија за историски и образовни прашања и очекуваната покана до Република Северна Македонија за пристапување во Европската унија”.

Поканети се да присуствуваат премиерот Бојко Борисов, претседателката на Парламентот Цвета Карајанчева, вицепремиерката за правосудни реформи и  министер за надворешни работи Екатерина Захариева, координаторите на парламентарните групи, претседателите на собраниските комисии за надворешна политика и за европски прашања и контрола на европските фондови, на изборната комисија, како и претставникот на Мешовитата експертска комисија за историски и образовни работи.

Бугарскиот вицепремиер и лидер на ВМРО-БНД Красимир Каракачанов, коментирајќи го неодамнешното интервју на претседателот Стево Пендаровски вчера изјави дека „доколку  Комисијата за историски и образовни прашања нема рок, тогаш ќе нема рок и патот на Северна Македонија кон Европската унија“.

„Неприфатливо е некој да мисли дека тие едноставно ќе ја искористат Бугарија само за влез во Европската унија“, рече Каракачанов.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Полициска акција за дрога во Тетово и Охрид: Уапсени 13 лица, едно е во бегство!

Претреси на 17 локации во Тетово и Охрид, уапсени се 13 лица, а едно лице е во бегство – ова е исходот од денешната...

Во Велес утре Ден на жалост поради тројцата велешани кои настрадаа во сообраќајка

Како што информират од Општина Велес, на Денот на жалост, знамињата во Општина Велес ќе бидат истакнати на половина копје, сите културни и спортски...

Боки 13 на игра ќе доделува 7 автомобили и стан во Скопје.

Боки 13 лицето кое до неодамна беше во затвор а ослободен поради влошената здравствена состојба, го организара најголемиот Giveaway во Македонија... Македонијо започнува најголемиот GIVEAWAY...

Русковска: Не сум го читала светото писмо, затоа што не сум верник !!!

Ни помалку ни повеќе не сум горда за предметот за 27 април од другите предмети, тврди разрешената шефица на ОЈО ГОКК, Вилма Русковска во...