7.9 C
Ohrid
четврток, јануари 30, 2025
ПочетнаЗаедницаВо Сиднеј нова театарска продукција- разговор со Душан Ристевски БАБА БЕГАЛКА –...

Во Сиднеј нова театарска продукција- разговор со Душан Ристевски БАБА БЕГАЛКА – GRANDMA ELOPES

spot_img

Повод за разговор е најновата драмска продукција „Баба бегалка – Grandma Elopes“ на Душан Ристевски во изведба на Австралиско македонскиот театар од Сиднеј и хорот Georges River Voices Choir. Како што се најавува од АМТС, во оваа драма се застапени не само актери од овој Театар туку актери како и вокалисти на овој австралиски хор. Ова е прв проект од ваков вид превземен од овој Театар, а на сцена ќе настапат 25 артисти. Драмата ја ко-режира самиот автор Душан Ристевски и Лара Мабеи од хорот Georges River Voices.

<

 

Вашето најново дело се става на сцена како копродукција со австралиска институција и тоа хорска – ова е новитет и некаков експеримент. Како дојде до тоа?

Јас работев на драмскиот текст за „Баба бегалка“ и Лара кога дозна за тоа, поради темата што ја обработував, дојде до идеа заеднички да ја направиме со хорска придружба. Таа со овој хор имале работено со некој друг австралиски театар и тој пристап бил доста интересен и успешен. Членовите на хорот иако се австралјанци ќе изведуваат македонски традиционални песни како “Јовано Јованке“, „Македонско девојче“  и други. За мене лично тоа е големо доживување и со восхит гледам на целата продукција бидејќи се негува македонската песна од самите австралјанци кои го ценат убавото.  Добро е да се спомне дека продукцијата е двојазична и истата е достапна за помладата генерација и за англиско говорната публика.

Кој е поводот да го напишете и ставите на сцена ова дело

Во македонската заедница или поточно нашата култура ни кажува дека кога ќе дојдеме до одминатите години или сме престари и кога имаме потреба, нашите деца треба да не гледаат и се грижат за нашите потреби. Но ситуацијата овде е доста изменета, традицијата прекината, поголемиот број на постарите луѓе, поради различни причини, завршуваат по домовите за постари лица. Добро е што овде постојат такви домови и негата е на високо ниво но таа културна промена се уште не прави да живееме во страв или да формираме срам од одење во тие домови кога, како што некои кажуваат, „цел живот работевме, печалевме, заработивме за нас и за децата и сега младите немаат време за нас и не сакаат да не гледаат“. Секако со ова дело сакам да го намалам тој срам или стигма и да укажам дека е во ред да се оди во такви домови и дека не треба да размислуваме дека тоа е крај на нашиот живот туку дека со одењето во домот нашиот живот може да се подобри и продолжи. На многу луѓе им е страв поради недоволно зборување на англискиот јазик и стравот дека ќе бидат изложени на некои неизвесности, далеку од своите најмили внуци и деца.

Значи пораките се позитивни, темата интересна попратена со хумор

Хуморот или сатирата се најлесниот начин да го привлечеш вниманието и да ги поттикнеш луѓето да размислуваат за своите истапи или односи кон семејството и себе си. Драмскиот дијалог со хорската изведба дава една позитивна слика за она што се случува во старските домови. А нашата среќа или несреќа доаѓа од самите нас и не треба да окривуваме деца или внуци за тоа што крајот на живото ни завршува онака како што ни завршува, а од „пишаното не се бега“ како што би рекле нашите. Важно е да имаме добро здравје и крајот на животот да ни измине покрај добро друштво во заедница каде што си подржуван, почитуван и сакан, а не во место каде си малтретиран и живееш во страв.

Кои се вашите очекувања, посебно сека кога сте искусен автор а еве се јавувате и како режисер?

Темата е доста интересна и веќе разви голем интерес, посебно што во продукцијата се застапени хорски работници и поголем број на артисти од две институции. За прв пат режирам, не дека имав желба, туку поради фактот што нашиот режисер Стефо Нанцу е презафатен со неговите две продукции.  А одговорноста ја споделувам со Лара Мабеи која има долгогодишно искуство како актер, фолклорист и вокалист во различни хорови. Одговорноста и можната критика во однос сценската изведба ја споделувам со неа. Изведбата ќе биде на високо ниво со хорска придружба што досега тоа не сме го искусиле и се надевам дека гледачите ќе бидат задоволни. Имаме закажано само една изведба но ќе следат повеќе кон крајот или на самиот почеток на годината. Драмата ќе се прикаже во склопот на фестивалот за култура Discovery и премиерно ќе се изведе во недела на 3-ти ноември со почеток во 17 часот во просториите на театарот St George Bank Auditorium, 16 Montgomery Street Kogarah. Секако резервации можат да се добијат на 0425231335 или на [email protected]

Душан, Ви посакувам како вас така и на сиот ваш тим, успех со „Баба бегалка“, кое мислам дека ова е ваше 18 драмско дело кое како и досегашните драми ќе биде успешно и значаен промотор на македонската култура во Австралија.

Иван Трпоски

 

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Возачот кој ја прегази девојката бил во притвор за дрога

Во врска со медиумските написи поврзани со претходните постапки за возачот осомничен за синоќешната сообраќајна несреќа на „Партизанска“ во Скопје, во која животот го...

Возачот Васил, кој прегази девојка на “Партизанска” возел пијан и без дозвола, поминал на црвено

Осомничениот 20-годишник, на 29 јануари, како учесник во сообраќајот на јавните патишта, управувал патничко возило „Пежо 207“ сопственсот на неговиот татко по десната сообраќајна...

Судот одлучил: 20-годишникот кој ја прегази Фросина да оди во воспитно-поправен дом Тетово, третирајќи го како помлад полнолетник

ОЈО Скопје поднесе обвинение со предлог за продолжување на мерката притвор која по предлог на обвинителството беше определена од самиот старт на постапката, и...

Младата дизајнерка Фросина е девојката која синоќа беше прегазена на „Партизанска“

Познат е идентитетот на загинатата девојка на „Партизанска“. Станува збор за 22-годишната Фросина Кулакова од Неготино која беше студентка на Интернационалниот институт за мода...