21.9 C
Ohrid
сабота, јули 19, 2025
ПочетнаЗаедницаМелбурн - Се спрема најголемиот фестивал на македонска храна

Мелбурн – Се спрема најголемиот фестивал на македонска храна

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

И по осум години, првиот македонски фестивал на храната со нетрпение се очекува и пробудува се поголем интерес не само кај Македонците туку и другите нации во Австралија кои секогаш со задоволство ги посетуваат штандовите со вкусни македонски јадења.

<

На едно место се собираат илјадници посетители кои се обземени од убавото чувство дека на еден убав начин се прославува македонската култура, традиција и фолклор.

Оваа година ќе има голем избор на македонски традиционални јадења, па посетителите ќе имаат можност да уживаат во вкусот на: тавче гравче, сарма, бурек, мекици, индијанки, еклери, тулумби и други специјалитети препознатливи за Македонците од сите краеви на Македонија.

Голем број на културно уметнички друштва од Мелбурн и Сиднеј ќе настапат со македонски ора и песни и ќе претставува посебно доживување за публиката. Ваше е да дојдете и бидете и вие дел од популарниот Македонски Фестивал на храната.

Со оглед на тоа што е фестивал на македонски јадења, оваа година ќе има демонстрација на правење мазник и многу други “слатки изненадувања”.

Нема да изостанат ниту спортски активности од страна на фудбалските клубови, Алтона Меџик и Престон Македонија.

Неколку штандови ќе презентираат македонски народни носии од разни делови на Македонија а ќе се изложат и голем број на македонска литература за деца и возрасни.

Македонското фолклорно богатство кое ги вклучува македонските ора, песни, традиционални носии кои за првпат се појавиле во 15 век, се препознатлив белег и ден денес се користат за промоција на македонската култура во светот. Неспорна е и убавината на македонското девојче во традиционална носија и вештината со која пеат и изведуваат македонските ора, го учат македонскиот јазик и чуваат традицијата. Македонското минато е опеано и се рефлектира во народните песни, иконостасите,црквите,манастирите, архитектурата,во фолклорот кој доаѓа од душата на народот, оплакувано, воздигнувано во везот на македонската жена – везилка, во силните стихови на нашите поети – борци за национална слобода и културен развој на Македонија. Сето тоа е денес една непроценлива нишка, непресушен извор од кого и ден денес црпат инспирација за своите дела.

Gordana Dimovska

Macedonian timeline

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Гест за почит: Скопски таксист не му наплати на Јанко – „Фала ти за љубовта кон Македонија“

Колумбиецот Јанко, кој во последните години стана препознатлив по тоа што пее песни на македонски јазик и со својата харизма ја промовира нашата култура...

Каја Шукова кандидат на СДСМ за градоначалник на Скопје

Претседателот на СДСМ Венко Филипче попладнево на прес-конференција објави уште еден дел од кандидатите за локалните избори, по состанокот на Извршниот одбор на партијата,...

Исчезнато 13-годишно девојче е пронајдено кај 33-годишен маж во Џепчиште

Рано утрово во тетовското село Џепчиште, во домот на 33-годишен маж е пронајдено 13-годишно девојче кое мајката претходно го пријавила како исчезнато, соопшти МВР....

Турист од Босна починал на плажа во Охрид.

На 17.07.2025 во 14.25 часот во СВР Охрид е пријавено дека од плажа на брегот на Охридското езеро во Ј.З.У. „Специјална болница за кардио-васкуларни...