27.9 C
Ohrid
вторник, јули 1, 2025
ПочетнаЗаедницаМакедонската православна младина во Австралија организираше акција за помош на оштетените од...

Македонската православна младина во Австралија организираше акција за помош на оштетените од пожарите

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Во организација на Македонската Православна Младина на Австралија (МОЈА), биле собрани над 4600 долари за помош на оштетените од пожарите што ја зафатија Австралија. Акцијата биле одржана на на 12 Јануари 2020, за време на организиран пикник

<

-Тоа беше еден перфектен ден за пикник, за сите. Целта на пикникот, во почетокот беше да се соберат средства за младинската група – МОЈА. Но, поради трагичните настани во нашата земја, во кризата со многубројните пожари, младинската група одлучи да собере средства за настраданите од пожарите, велат од МОЈА.

Настанот почнал со Света Литургија, на ден на Светиот Гаврил Велички Светогорец, еден од поновите Македонски светители. Манастирската црква била преполна со поклоненици, на Литургијата и моштите на Свети Гаврил Велички кои биле изложени пред верниците.

-Сите бевме возбудени, трпеливо чекавме за Причесната и да почнат спортските активности, посебно децата. После Литургијата, сите присутни беа поканети на закуска и кафе, а членовите на МОЈА организираа три главни спортски активности: одбојка, “Народна топка” и фудбал. Треба да кажеме, сите спортски активности имаа неверојатен успех, и тоа им даде на многу родители време, да го уживаат кафето. Од активностите, фудбалот беше најпопуларниот спорт, се покажа одбележаните граници на полето не се доволно големи за сите учесници. Но тоа, со радост ќе го поправиме на следниот годишен пикник.

 

По дружењето и уживањето во игрите, членовите на МОЈА ги поведоа гостите на прошетка од Манастирот св. Климент Охридски до водопадите во Кинглејк Националниот парк, кој припаѓа на општината Муриндинди. Сите учесници во пешачењето добија право да учествуваат во бесплатната лотарија, што ги чекаше кај пикникот кај водопадите, каде што се печеа колбаси на скара (сосиџ сизл). Сендвичите со колбаси беа бесплатни за сите што дојдоа на пикникот, за оние што во тоа време беа во Мејсон Фолс, дури и за минувачите. Реакцијата од луѓето беше неочекувано позитивна, специјално фактот дека членовите на МОЈА не собираа пари за МОЈА, туку ги прашуваа луѓето, ако сакаат, можат да донираат директно во фондовите за обнова на штетата од пожарите. Луѓето тој ден беа навистина дарежливи, како што беа и спонзорите на пикникот како што се локалните продавници на: Вулвортс, Колс и Костко кои несебично помогнаа овој ден да биде успешен. Без нивната поддршка, тоа не ќе беше возможно да се направи. Начинот на организирањето на пикникот беше пристоен, но сепак беше и жално подсетување на другата трагедија, пожарите во Црната Сабота (The Black Saturday). Ние треба да продолжиме да ги почитуваме пожарникарите, војниците што служат на нашата земја, нашите браќа и сестри, и оние што веќе не се со нас. После прошетката и уживањето во скарата, луѓето се вратија во манастирот на Св. Климент Охридски, и се продолжи со спорт се додека не се стемни. Луѓето се збогуваа со старите и ново стекнатите пријатели. Членовите на МОЈА, на различни начини, вклучувајќи го и ‘сосиџ сизл’, помогнаа да се соберат над $4600.00 за помош на оштетените од пожарите. МОЈА им честита на своите членови, и им благодари; му го честита именденот на Отец Гаврил Галев, (основачот на МОЈА) и му благодари на Отец Климент од Македонската Православна Заедница за Мелбурн и Викторија (МОСВМ), Св Ѓорѓи, Епинг, за неговата поддршка, благодарност до сите што помогнаа и сите што дојдоа на денот. Од разговорите со присутните заклучивме, сите беа среќни да помогнат. Луѓето нагласија дека посебно го сакаат денот избран за пикник, зашто имаа и друга причина да дојдат, и му го честитаат името на Отец Гаврил. Ќе продолжиме да работиме и да се подобруваме и ние самите, и нашата заедница, и ќе продложиме да се молиме за Австралија, велат од МОЈА.

Превземено од Religija.mk

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Март Кос: Идентитетот ви се манастирите, погачата, тавче-гравче, пинџурот или полнетите пиперки!

Еврокомесарката за проширување Март Кос вели дека идентитетот не може да биде предмет на политичко одлучување, бидејќи идентитетот е нешто што си го носиме...

Охриѓанец во ноќен клуб си ја истепал сопругата.

На 01.07.2025 година во 09.15 часот, лишен од слобода е С.Г.(35) од Охрид кој на 30.06.2025 година во 22.10 часот, во ноќен клуб во...

Тошковски: Апсењето во Струмица беше филмско, планирале дрогата да ја изнесат надвор од Македонија

Три лица уапсени, автомобилот бил полн со дрога, постоел план за нејзино изнесување од Македонија. Ова се клучните детали од вчерашната акција во Струмица,...

Битолчанец во казино претепал доктор, па потоа ја нападнал и полицијата !!!

Предложен притвор за осомничен за напад врз лекари и полицајци Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека...