4.5 C
Ohrid
недела, февруари 23, 2025
ПочетнаЗаедницаДа го разбереме коцкањето -Што е коцкање

Да го разбереме коцкањето -Што е коцкање

spot_img

Македонско Австралиската Добротворна Организација од Сиднеј, чија главна канцеларија се наоѓа во Kogarah, во рамките на проектот, Спречување на штетата од коцкањето во мултикултурните заедници, доделен од влада на НЈВ (NSW Government),покрај другите програмски активности, продолжува со објавување на артикли во нашите ценети и реномирани македонски весници. На овој начин, би сакале, сите членови во македонската заедница кои учествуваат во проектите, како и пошироката македонска заедница, редовно да бидат информирани на разни теми.

<

Во ова издание ќе зборуваме – Да го разбереме коцкањето

Што е коцкање?

За поединците, коцкање е практикување на контрола и донесување на информирани одлуки.

Коцкање може да е вид на активност во која може да се ужива, ама одговорно и во граници на парите и времето, а исто така да се одржува во рамнотежа со останатите активности и одговорности во животот. Многу луѓе се коцкаат на некој начин најмалку еднаш во годината,било да е повремено на трки, лотарија, покерските машини или во казината. За повеќето поединци, коцкањето е вид на забава или момент за дружење со пријателите.

Тоа не преставува некаков вид на инвестирање или начин на заработување. Коцкањето не е одговор на финансиските проблеми, ниту е решение за стресните состојби, нерасположението или фрустрацијата.За оние кои го овозможуваат коцкањето, коцкањето е овозможување на сигурна, социјално одговорна средина и средина за поддршка, во која потенцијалот за нанесување штета на особите кои се коцкаат е минимизиран; и каде луѓето можат да донесат информирана одлука за нивното учество во коцкарските активности.

Зошто коцкањето може да е штетно?

За повеќето луѓе коцкањето е момент на уживање и активност која не нанесува штета.

Меѓутоа, коцкањето е сериозен проблем за одреден број на луѓе во нашата заедница, а може да биде и причина за нанесување штета на самите себе или на другите, како на пример –нарушување на семејните и пријателските врски, финансиската состојба и друго.

Неодговорното коцкање се каракетеризира со потешкотии во ограничување на парите и/или времето потрошено на коцкање, кое може да доведе до негативни последици за коцкарот и другите во неговата фамилија или заедницата. Штетата од коцкањето може да се одрази на финансиско поле, здравствено, во семејните односи, во образованието, вработувањето и генерално, на социјалната и психолошката добробит.

Во НЈВ, во 2019 година, околу 53% од луѓето учествуваат во некаков вид на коцкарска активност. Спрема индексот за сериозноста на коцкањето (Problem Gambling Severity Index –PGSI), проценето е дека 1% од возрасната популација спаѓаат во групата на проблематични коцкари. Генерално, 7.2% од луѓето кои се коцкаат се во умерен ризик да станат проблематични коцкари. Од овие, околу 40,000 луѓе се коцкаат на штетно ниво. Овој број афектира повеќе од 240,000 луѓе кои не се директно вовлечени во коцкањето. Во НЈВ, во 2018 година, 42% од луѓето пријавиле дека најпопуларниот вид на коцкање е лотаријата.Спрема проценките, 20% од возрасните лица во НЈВ ги користеле електронските машини за коцкање, а околу 19% се коцкале во спортските коцкарници.

Коцкањето, исто така, представува сериозен здравствен проблем во јавноста, со тоа што околу 80,000 до 160,000 (0.5-1%) возрасни австралијани доживуваат сериозни животни проблеми, а уште дополнителни 250,000 до 350,000 (или 1.4-2.1%) од возрасната популација се соочуваат со умерен ризик кој може да ги направи ранливи на проблемите од коцкањето.

Активностите на еден коцкар негативно ги афектира животите на помеѓу 5 и 10 други луѓе.Ова значи дека секоја година, повеќе од 5 милиони Австралијани може да бидат афектирани од коцкањето, вклучувајќи ги фамилијата, пријателите и работодавците на коцкарите. За жал, само околу 15% од неодговорните коцкари бараат помош.

Бидејќи неодговорното и проблематично коцкање станува се поголем проблем во НЈВ, а и во цела Австралија, многу е важно да се препознае во раната фаза и да се превземат мерки. Во НЈВ се овозможува бесплатна и доверлива поддршка, од сервисите за помош со проблемите предизвикани од коцкањето, за секој оној кој има проблеми со коцкањето, вклучувајќи ги и членовите на нивните семејства и пријателите.

Помошта за оние кои се соочуваат со проблеми од коцкањето овозможува:

24 часовно советување преку телефон, 7 дена во неделата на 1800 858 858

Индивидуално-лице во лице советување на 270 локации во НЈВ

Разговор со советник за проблематично коцкање преку интернет

Служби за членови од Абориџанската или било која друга културна заедница

Советување за финансиските проблеми и правна помош

Доколку ви е потребен преведувач на јазикот кој го зборувате може да ја контактиратеслужбата за преведување преку телефон (TIS) – 24 часа дневно, секој ден во годината, или преведувач може да биде обезбеден од службите за помош со проблемите предизвикани од коцкањето, кога ќе побарате помош, преку контактирање на службата за преведување преку телефон (TIS).Недела за подигнување на свесноста против коцкањето – Gamble Aware Week, е годишна иницијатива од канеларијата за одговорно коцкање – Office of Responsible Gambling при Владата на НЈВ, за да се зголеми свесноста за коцкањето и проблемите предизвикани одистото во заедницата. Оваа година, Неделата за подигнување на свесноста против коцкањето ќе се одржи од 19 до 25 октомври 2020. Во текот на оваа недела ќе се организираат повеќе настани кои ќе ја зголемат способноста за препознавање на ризичното однесување прикоцкањето во заедницата, ќе ги охрабрат луѓето да препознаат кога нивното коцкање станува ризично и проблематично. Исто така, луѓето ќе добијат можност да се информираат заначините како коцкањето да се задржи под контола и, ако има потреба, каде да се побарасоодветна, бесплатна и доверлива професионална помош.За повеќе информации околу овој проект и другите проекти кои ги води МакедонскоАвстралиската Добротворна Организација, обратете се на Лихнида или Роза на (02) 85911431.

Некои информации за овој артикал се превземени од интернет страниците – https://www.responsiblegambling.nsw.gov.au/about-gambling/gambling-in-nsw

and

www.responsiblegambling.nsw.gov.au › Fact-SheetFINAL, http://www.problemgambling.net.au/ausgambling.html,

https://www.responsiblegambling.nsw.gov.au/__data/assets/pdf_file/0007/280537/NSW-Gambling-Survey-2019-report-FINAL-AMENDED-Mar-2020.pdf

Лихнида Бахчанџиева-Тасеска

Project Officer

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Семејно насилство во Штип – Свекор ја натепал снаата

62-годишен жител на Штип вчеравечер е уапсен откако бил пријавен од неговата снаа, која вели дека физички ја нападнал, соопшти полицијата.

Од Дебар до Тирана ќе се стигнува за еден час

На 14 март ќе се отвори тунелот Муриз, дел од автопатот „Патот на Арбр“, со што патувањето од Дебар до Тирана ќе се скрати...

Мицкоски вели дека нема никакви списоци за партиски вработувања

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека нема никакви списоци за партиски вработувања како што обвинува опозицијата, ниту на министерот за животна средина Изет Меџити му...

Почина 21-годишен осуденик од Штип откако бил донесен во болница со знаци на предозираност?!?

На 22.02.2025 во 11.31 часот во СВР Штип, од Клиничка болница Штип било пријавено дека кај нив од Казнено – поправната установа Затвор Штип...