13.9 C
Ohrid
петок, октомври 18, 2024
ПочетнаЗабаваТој гениј беше Тито! Ми се допаѓаше Југославија: Вака Џо Бајден ја...

Тој гениј беше Тито! Ми се допаѓаше Југославија: Вака Џо Бајден ја опишува првата средба со поранешниот претседател на СФРЈ

Очекував комунистичко сивило и здодевност”, пишува Бајден.

Демократскиот претседателски кандидат Џо Бајден, тогаш сенатор на државата Далавер, се состанал со Тито во Сплит во 1979-та година, по погребот на Едвард Кардељ, на кој бил како член на американската делегација.

Во своите мемоари со наслов “Promises to keep” со нескриени симпатии зборува за југословенскиот претседател, додека за Југославија исто така зборува пофално.

“Од 1945-та до 1980-та Јосип Броз Тито владееше со Југославија со личност, одлучност и ефикасна тајна полиција. Итриот стар комунист ја одржа заедно етнички и религиски помешаната федерација”, објаснува Бајден.и продолжува:

“Беше потребен одреден гениј за да се одржи таа мултиетничка федерација заедно, а тој гениј беше Тито”.

Заедно со Аверил Хариман и американскиот амбасадор во Југославија, Лоренс Иглбургер, се состанал со Тито во неговата сплитска вила, иако Тито првобитно ја одбил средбата за да не ја навреди другата страна, односно Москва, во склоп на политичката еквидистанца наспроти западниот и источниот блок.

Бајден многу пофално пишува за политиката за неврзаност на Тито, додека сметал дека состојбата во Југославија била далеку подобра отколку во другите комунистички земји.

“Веќе почна да ми се допаѓа Југославија, не беше тоа што го очекував. Очекував комунистичко сивило и здодевност”, пишува Бајден и објаснува дека Загреб и Сплит, кои тогаш успеал да ги посети, воопшто не биле такви.

“Загреб беше прекрасен и чист, со градби од хабсбуршката ера, а луѓето возеа пристојни автомобили и облека со вистински бои”, пишувал Бајден.

За Сплит Бајден исто така зборува афирмативно. Таму добил впечаток дека на луѓето им е добро, а како и во Загреб, “возеле пристојни автомобили”.

“Постоеше чувство кое го немате во другите земји зад железната завеса”, објаснува Бајден.

превземено од Точка а целосниот текст прочитајте го тука

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Полициска акција за дрога во Тетово и Охрид: Уапсени 13 лица, едно е во бегство!

Претреси на 17 локации во Тетово и Охрид, уапсени се 13 лица, а едно лице е во бегство – ова е исходот од денешната...

Во Велес утре Ден на жалост поради тројцата велешани кои настрадаа во сообраќајка

Како што информират од Општина Велес, на Денот на жалост, знамињата во Општина Велес ќе бидат истакнати на половина копје, сите културни и спортски...

Боки 13 на игра ќе доделува 7 автомобили и стан во Скопје.

Боки 13 лицето кое до неодамна беше во затвор а ослободен поради влошената здравствена состојба, го организара најголемиот Giveaway во Македонија... Македонијо започнува најголемиот GIVEAWAY...

Русковска: Не сум го читала светото писмо, затоа што не сум верник !!!

Ни помалку ни повеќе не сум горда за предметот за 27 април од другите предмети, тврди разрешената шефица на ОЈО ГОКК, Вилма Русковска во...