13 C
Ohrid
петок, октомври 18, 2024
ПочетнаМакедонијаФилипче: Попис во време на пандемија е голем предизвик, но може да...

Филипче: Попис во време на пандемија е голем предизвик, но може да се спроведе без никаков ризик за населението…

Спроведувањето на пописот во време на пандемија е голем предизвик, но процесот може да се спроведе и заврши по сите здравствени протоколи, рече министерот за здравство Венко Филипче на онлајн конференцијата во организација на „Рома Интеграцион Центрум“.

Филипче посочи дека министерството за здаравство и Комисијата за заразни болести како и за време на одржувањето на изборите, така и сега, за спроведување на пописот, ќе бидат на располагање за едукација и донесување на протоколи за спорведување на една ваква, како што ја нарече, комплексна операција.

„Ќе дадеме свои укажувања, доколку е потребно може да имаме и мини едукација како тоа да биде организирано од институциите кои што ќе го водат тој процес“, рече Филипче.

Министерот како пример го посочи спроведувањето на изборниот процес, кој во делот со спроведување на здравствените протоколи поминал, како што кажа, без ниту една забелешка.

„Консензус на ниво на СЗО е дека ниту еден процес и постапка не треба да запре, туку треба да се спроведува со протоколи кои се универзално прифатени во сите земји. Во таа смисла сме на располагање и во делот на експертизата, и комуникациски да го поддржиме процесот кој е од клучно значање за државата“, рече Филипче.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Полициска акција за дрога во Тетово и Охрид: Уапсени 13 лица, едно е во бегство!

Претреси на 17 локации во Тетово и Охрид, уапсени се 13 лица, а едно лице е во бегство – ова е исходот од денешната...

Во Велес утре Ден на жалост поради тројцата велешани кои настрадаа во сообраќајка

Како што информират од Општина Велес, на Денот на жалост, знамињата во Општина Велес ќе бидат истакнати на половина копје, сите културни и спортски...

Боки 13 на игра ќе доделува 7 автомобили и стан во Скопје.

Боки 13 лицето кое до неодамна беше во затвор а ослободен поради влошената здравствена состојба, го организара најголемиот Giveaway во Македонија... Македонијо започнува најголемиот GIVEAWAY...

Русковска: Не сум го читала светото писмо, затоа што не сум верник !!!

Ни помалку ни повеќе не сум горда за предметот за 27 април од другите предмети, тврди разрешената шефица на ОЈО ГОКК, Вилма Русковска во...