13.9 C
Ohrid
петок, октомври 18, 2024
ПочетнаМакедонијаМакедонски актери снимаат филм во полициски униформи, а многумина помислија дека се...

Македонски актери снимаат филм во полициски униформи, а многумина помислија дека се вистински полицајци кои ја злоупотребуваат службената униформа за на ТикТок.

Денес повторно се шири лага низ социјалните мрежи како вработени лица во МВР ја злоупотребиле својата униформа и оружје, за да снимаат клипчиња за на ТИКТОК. Но тоа е уште една од низата на лаги кои се шират во Македонија. Шило Магазин го исконтактира и режисерот на филмот Мартин Цветскоски да објасне за што се работи и како ќе се вика новиот филм кој крена огромна прашина на социјалните мрежиНема достапен опис

Почитувани,
Јас Мартин Цветковски, режисер и продуцент на новиот Македонскi филм “Најголемата вистина”, Ви се обраќам во врска со видеото кое беше објавено на ТикТок од наша страна, а потоа злоупотребено од поединци за “напад” и омаловажување на Полицијата.

Прво:
Видеото кое толку многу ве “трогна” е направено како дел од нашиот филмски материјал, и за нашиот ТикТок профил, кој ќе се вика ”Најголемата Вистина”
Второ:
Сите ликови кои ги гледате на истото видео се ГЛУМЦИ, АРТИСТИ и СТАТИСТИ, кои се ангажирани на проектот- филмот и НЕ СЕ полицајци, ниту вработени во МВР.

Трето:
Униформите, се добиени од Министерството за Внатрешни Работи, со уредна дозвола, за користење во нашиот проект.

Четврто:
“Пиштолите” кои ги гледате на видеото се пластични играчки, или копии кои се користат секаде за снимање на филмови и серии….Нема достапен опис

Понатаму,
Ликовите кои го превземале видеото од ТИКТОК, од нашиот профил, НЕМОЖЕ да не виделе дека се работи за филм, али сепак – ајде ке плукаме по полицијата и ќе глумиме “засегнати” граѓани.
Воедно, превземање неовластено, на филмски материјал, како автор, и продуцент на филмот, а потоа неовластено објавување на истиот… мислам не треба да се објаснува што следи.

Како и да е…
Се работи за нов Македонски филм- “Најголемата вистина”, кој го снимаме од минатата година, и кој би требало да биде готов до летово.

Жанрот е Криминалистика, Мистерија, Трилер, Драма, во кој учествува секако и Македонската полиција за откривање на “сериски убиец” во филмот.

Министерството за Внатрешни Работи е еден од главните помагатели на овој проект, со уредно издавање на полициски униформи, возила и слично, со уредни дозволи.

Во продолжение ќе ви ја прикажеми и лагата која кружи на социјалните мрежи.

Нема достапен описНема достапен описНема достапен опис

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Полициска акција за дрога во Тетово и Охрид: Уапсени 13 лица, едно е во бегство!

Претреси на 17 локации во Тетово и Охрид, уапсени се 13 лица, а едно лице е во бегство – ова е исходот од денешната...

Во Велес утре Ден на жалост поради тројцата велешани кои настрадаа во сообраќајка

Како што информират од Општина Велес, на Денот на жалост, знамињата во Општина Велес ќе бидат истакнати на половина копје, сите културни и спортски...

Боки 13 на игра ќе доделува 7 автомобили и стан во Скопје.

Боки 13 лицето кое до неодамна беше во затвор а ослободен поради влошената здравствена состојба, го организара најголемиот Giveaway во Македонија... Македонијо започнува најголемиот GIVEAWAY...

Русковска: Не сум го читала светото писмо, затоа што не сум верник !!!

Ни помалку ни повеќе не сум горда за предметот за 27 април од другите предмети, тврди разрешената шефица на ОЈО ГОКК, Вилма Русковска во...