13.9 C
Ohrid
петок, октомври 18, 2024
ПочетнаМакедонијаПрерано починатиот Д-р Трајче Нешковски добитник на највисокото признание на Лекарската комора

Прерано починатиот Д-р Трајче Нешковски добитник на највисокото признание на Лекарската комора

Млад лекар во подем со голем потенцијал, искрено посветен на работата, од кој младите лекари треба да учат што значи доктор. Ова за прерано починатиот доктор Трајче Нешковски го кажа д-р Даница Милевска Поповиќ, објавувајќи ја одлуката на комисијата да му го додели највисокото признание на Лекарската комора на Македонија – плакетата Свети Наум Охридски.

Одлуката беше соопштена на одбележувањето 29- годишнината од основањето на оваа професионална докторска асоцијација со јавни овластувања.

-Трајче Нешковски беше млад лекар во подем со голем потенцијал, исклучителен квалитет, посветен на работа. Прераната смрт застана на патот на неговите успеси и подеми. Д-р Нешковски останува светол пример од кој младите треба да учат што значи да се биде доктор, рече д-р Милевска Поповиќ.

Беше прикажано и кратко видео, како сведоштво за прерано згаснатиот живот на д-р Нешковски, изработено од неговата колешка д-р Сузана Арбутина.

32-годишниот д-р Трајче Нешковски беше специјалист интернист од Клиниката за пулмоалергологија и дел од тимот кој работеше во Козле. Почина во сообраќајна несреќа во Скопје, на враќање од дежурство.

-Луѓето како него не умираат, рече неговата колешка, Ема Нешковска.

ммс

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Полициска акција за дрога во Тетово и Охрид: Уапсени 13 лица, едно е во бегство!

Претреси на 17 локации во Тетово и Охрид, уапсени се 13 лица, а едно лице е во бегство – ова е исходот од денешната...

Во Велес утре Ден на жалост поради тројцата велешани кои настрадаа во сообраќајка

Како што информират од Општина Велес, на Денот на жалост, знамињата во Општина Велес ќе бидат истакнати на половина копје, сите културни и спортски...

Боки 13 на игра ќе доделува 7 автомобили и стан во Скопје.

Боки 13 лицето кое до неодамна беше во затвор а ослободен поради влошената здравствена состојба, го организара најголемиот Giveaway во Македонија... Македонијо започнува најголемиот GIVEAWAY...

Русковска: Не сум го читала светото писмо, затоа што не сум верник !!!

Ни помалку ни повеќе не сум горда за предметот за 27 април од другите предмети, тврди разрешената шефица на ОЈО ГОКК, Вилма Русковска во...