29.9 C
Ohrid
петок, јуни 27, 2025
ПочетнаАвстралија„Македословени“ и македословенски јазик – Хеленскиот совет бара Австралија да го спроведе...

„Македословени“ и македословенски јазик – Хеленскиот совет бара Австралија да го спроведе преспанскиот договор и да ги преименува македонците и јазикот

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Македословени – е новото име кое грчките организации од Австралија почнуваат да го применуваат во официјалната комуникација во оваа држава. Австралискиот хеленски совет од австралиските власти бара доследно почитување на Преспанскиот договор и забрана на употребата на зборот македонски/Македонци од страна на македонските организации во Австралија, пишуваат грчките медиуми од Австралија.

<

„Ја молиме нашата австралиска влада да ги признае правата на Македонците од хеленско наследство и потекло (повеќе од 2,8 милиони кои живеат во грчката провинција Македонија и повеќе од 260 илјади кои живеат во Австралија), нашата историја и култура како Македонци со грчко потекло и култура, различно од етничкото македословенско, албанско, ромско и влашко население од новонастанатата земја и уставно прифатено од нејзиниот народ, како и од ООН, ЕУ и НАТО како Северна Македонија“, пишува во писмото кое Австралиско хеленскиот совет најавува дека ќе го прати и до македонскиот премиер Зоран Заев.

Во барањето до Владата во Канбера и до австралиските медиуми се укажува на „продолженото провокативно однесување на македословенската заедница во Австралија.

Забележуваме дека Преспанскиот договор склучен меѓу Атина и Скопје е спротивен на желбата на Хелените ширум светот. Поимот „Македонија“ и дериватите од тоа се чисто, исклучиво, историски и етимолошки грчки… Бараме секој наш сонародник да остане буден и да нè информира за какво било незаконско однесување од страна на Македословените, како и за секој инцидент што е во спротивност со Договорот од Преспа од страна на Македословените и нивните водачи“.

Во писмото се укажува на тоа дека официјалното име на новонастанатата држава е „Република Северна Македонија“, дека националноста е „македонска/државјани на Република Северна Македонија“, јазикот е македонски јазик од групата јужнословенски јазици, кои не се поврзани со античката хеленска цивилизација, историја и наследство… Толернацијата на непочитувањето на Преспанскиот договор од македонски правни лица, поединци, компании и организации е спротивна на потписот од Договорот и на нивниот сопствен Устав. Тие продолжуваат да ја нарекуваат својата земја како „Македонија“, а не „Северна Македонија“, според нивното уставно име признаено од ООН, продолжуваат националноста да ја нарекуваат како „македонска“ без да означат – „граѓанин на Република Северна Македонија“, јазикот да го нарекуваат „македонски“ без објаснувањето „јужнословенски“… Тие продолжуваат да го употребуваат античкиот симбол на Вергина, регистриран грб на Република Грција, признаен од Светската организација за интелектуална сопственост (чиј член е Австралија), на производите увезени во Австралија пишува „Македонија“, а не „Северна Македонија“. За жал, некои австралиски владини агенции ги игнорираат одредбите од Договорот од Преспа, спротивно на прифаќањето на овој договор од страна на австралиската влада.

Ја повикуваме нашата австралиска влада да биде внимателна и преку Министерството за надворешни работи и трговија, да ги насочи сите оддели и организации да ги почитуваат одредбите од Договорот од Преспа и да не постапуваат спротивно на овој договор, бараат Грците од Австралија и овие активности ги нарекуваат иридентистички со територијални претензии.

 

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Страшна сообраќајка кај селото Извор-Кичево: Судир помеѓу мерцедес со странски таблички и опел астра со охридски ознаки !!!

На Страшна сообраќајка кај Подмоље: Судир На магистралниот пат А2, во близина на кичевското село Извор- Подмоље, денеска се случи тешка сообраќајна незгода во која учествувале...

Една година Ескобар Струга – забава со Балканикос, коктели и италијански вкусови.

Една година Ескобар Струга – забава со Балканикос, коктели и италијански вкусови! ЕСКОБАР СТРУГА слави 1 година постоење – и вие сте поканети на роденденска...

Телеком Италија ги купи Сказните на Биби

Телеком Италија и македонскиот детски бренд „Светот на Биби“ потпишаа договор со кој италијанскиот телеком ги откупи правата за емитување на популарната анимирана серија...

Министерот Aлиу ја посети Психијатриската болница– Затекна нечовечки услови за живот

Министерот за здравство – Азир Алиу денеска беше во посета на Психијатриската болница „Скопје“ заедно со в.д. директорот Хиса Авдулаи. Констатирани се сериозни предизвици во...