13.9 C
Ohrid
петок, октомври 18, 2024
ПочетнаМакедонијаДедо Ѕвонко од делчевско спие во планина под орев, откако му изгорела...

Дедо Ѕвонко од делчевско спие во планина под орев, откако му изгорела куќата во силните пожари кои ја зафатија Македонија.

По четири дена од пожарот, Ѕвонко се враќа кај својата куќа, каде што живеел 58 години.

„За 5 минути, огнот од таму дојде. Јас рипнав преку прозорот, едвај глава спасив и избегав. За 5 минути. Прво таа изгоре, па оваа, па таа и горе кај вилата кај братучед ми“, вели Ѕвонко.

Ѕвонко: „Ништо немам. Сам сум. Мајка ми умре, една сестра имам“.

ТВ21: Каде е вашата сестра?

Ѕвонко: Во Србија, во Јабука. И таа не знае. Таа да знае ќе дојде

Во пожарот го изгуби и мобилниот телефон, се сеќава само на фиксниот на кој се обидовме и ние да ја добиеме.

Жителите тука вода немаат повеќе од два месеци, а сега речиси и една недела се без струја.

„Ова е една од четирите куќи кои што изгореа во пожарите кои што пред неколку дена започнаа и беше алармантна состојбата тука во село Истевник. Покуќниката е целосно неупотреблива, а жителите се уште стравуваат и очекуваат помош од надлежните“, вели репортерот на Тв21.

Резервоарите полни со вода се на готовс, жителите не можат мирно да спијат бидејќи се уште на одредени места се издига чад.

Тв21: Паметите досега вакво нешто?

„Досега, не! Прадедовците имало вакво нешто, ама тоа е многу одамна. Пред повеќе од 150 години“.

ТВ21: Вие не сакате селово да го напуштите?

„Тука сум се родил, тука маката ја оставив, работа, пот, не ми се напушта“.

Пожар од вакви размери не паметат, а тоа што го преживуваат денес го споредуваат со времето од пред 100 години.

„Цел век. Родена тука, тука мажена, тука остарех. 80 години, 79 имам, не можам кажам 80. И не паметам вакво нешто. Имаше пожарите, ама за секунда се гасеше. Ова или господ го даде или човек. Една недела немам спиено. Устата ми се лепи, не можам да ја отворам. Кога ќе се замислам како беше, па и полошо. Добро, мојата куќа остана да речам, беше страшно но куќата ми стои“, вели жителка.

Помош им е повеќе од потребна, но лути им се на властите.

„Ако дојде некој тука, некој да дојде, веднаш ќе го вратам назад, тоа си го кажувам. Не премиер, не директор, не министер, не кој нека е. Како… На ова современо време сега, па и порано се палеше, овци по поле се чуваа, говеда, па тутнџии…и тогаш ова не се направи како сега…“, вели жителка.

Селото има и планинска патека, која сега води само до опожарениот дел.

Додека Ѕвонко и останатите жители на кои им изгореа куќите добијат покрив над главата, деновите со над 42 степени и ноќите ги поминуваат под овој орев, кој речиси е во планината.

Ѕвонко ќе добие кров на глава од општината

По репортажата на Телевизија 21 и репортерот Јовица Пауноски од село Нов Истевник, доцна вечерва на социјалната мрежа Фејсбук, градоначалникот на Делчево, Горан Трајковски на наша објава коментираше дека уште утре Ѕвонко ќе добие кров над глава со сите услови и храна.

„Ѕвонко не се обратил до општината ниту до мене како градоначалник. Во текот на утрешниот ден ќе биде сместен и ќе добие кров над глава со сите услови и храна“, коментираше градоначалникот Трајковски.

Екипа на ТВ21 вчера беше во Нов Истевник, село кое пред четири дена се бореше со пламените јазици. Таму целосно изгорени се четири куќи, а делумно зафатена една викендица.

Селото повеќе од два месеци е без вода, а веќе една недела без струја. Жителите велат дека досега никој не ги посетил ниту пак ги прашал дали имаат потреба од нешто.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Полициска акција за дрога во Тетово и Охрид: Уапсени 13 лица, едно е во бегство!

Претреси на 17 локации во Тетово и Охрид, уапсени се 13 лица, а едно лице е во бегство – ова е исходот од денешната...

Во Велес утре Ден на жалост поради тројцата велешани кои настрадаа во сообраќајка

Како што информират од Општина Велес, на Денот на жалост, знамињата во Општина Велес ќе бидат истакнати на половина копје, сите културни и спортски...

Боки 13 на игра ќе доделува 7 автомобили и стан во Скопје.

Боки 13 лицето кое до неодамна беше во затвор а ослободен поради влошената здравствена состојба, го организара најголемиот Giveaway во Македонија... Македонијо започнува најголемиот GIVEAWAY...

Русковска: Не сум го читала светото писмо, затоа што не сум верник !!!

Ни помалку ни повеќе не сум горда за предметот за 27 април од другите предмети, тврди разрешената шефица на ОЈО ГОКК, Вилма Русковска во...