4.9 C
Ohrid
петок, мај 9, 2025
ПочетнаАвстралијаМакедонец во Австралија создаде детска играчка што чисти по дома

Македонец во Австралија создаде детска играчка што чисти по дома

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Македонецот Денис Митревски, кој живее во Перт, Австралија, и Анџело Реитано се креатори на играчката Mommy’s Tiny Helper (Малиот помошник на мама). Митревски одамна е дел тимот што креираше генијална играчка за деца, што истовремено чисти по дома. Родителите пишуваат коментари за тоа колку се задоволни од играчката која им помага во домаќинството, но дел од мајките го критикуваат името. Играчката во суштина претставува количка со вграден механизам за собирање трошки. Првично беше креирана за американскиот пазар и во 2019 година беше претставена на тамошниот Саем за играчки.

<

На официјалната фејсбук-страница може да се забележат голем број коментари за тоа колку децата се задоволни од играчката и дека таа не само што е убава туку и корисна за во домаќинството.

Во промоцијата и продажбата на играчката на Денис му помага и неговата сестра Сем Минити. Британскиот „Дејли меил“ пренесува дека таа е во неверување откако на дел од австралиските групи за мајки на социјалните мрежи добила негативни коментари, но не за производот, туку за неговото име.

Според дел од мајките во Австралија, проблемот е во тоа што играчката се вика Mommy’s tiny helper (Малиот помошник на мама), а во 2021 година чистењето во домаќинството не е работа само на мајката. Дел од фејсбук-коментарите објавени на „Дејли меил“, поврзани со името на дизајнот, гласат:

„Името е слатко, ама подразбира дека чистењето е женска работа“.

„Се согласувам. Можете да го викате само Little Helper (Мал помошник)“.

„Лично мислам дека зборот ‘мама’ треба да се извади, кај нас дома работите ги вршиме 50/50: готвење, чување деца итн., затоа не сметам дека е добро да се налага дека само мама чисти. Исто така, многу деца немаат мајки…“ – се вели меѓу другото во еден од коментарите.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Во Штип убиство и пукање во единственото кафуле на плоштадот во градот

Штипјани се видно вознемирени поради вечерашните случувања во централното градско подрачје. Според информациите од терен едно лице е усмртено со пиштол во единственото кафуле на...

Честитка од премиерот Мицкоски за изборот на новиот папа Лав XIV

Премиерот Христијан Мицкоски во негово и во име на Владата го честита изборот на новиот поглавар на Римокатоличката црква папата Лав XIV. - Изборот на...

Американецот Роберт Превост е новиот папа – Неговото ново име е Лав XIV

Откако над Систинската капела беше пуштен бел чад, што означуваше дека кардиналите го избраа 267-от поглавар на Римокатоличката црква, беше објавено кој е новиот...

Пуштен бел чад: Избран е новиот папа!

Бел чад е испуштен од оџакот на Сикстинската капела што значи дека е избран нов папа. Кардиналите попладнево одлучиле за наследник на папата Франциск односно...