9.9 C
Ohrid
петок, април 26, 2024
ПочетнаМакедонијаРесторанoт на Климе и Анита е број еден во Мајами и меѓу...

Ресторанoт на Климе и Анита е број еден во Мајами и меѓу најдобрите во САД.

spot_imgspot_img

„Краст“ редовно е меѓу најнаградуваните ресторани во САД. Опен Тејбл во 2017 година го прогласи „Краст“ за прв меѓу 100-те најдобри ресторани во САД. Местото меѓу најдобрите го задржа и во 2019. Ресторанот „Краст“ во Мајами неколкукратно е наградуван како еден од најдобрите ресторани во САД. Но, она што е интересно е дека овој ресторан е производ на двајца Македонци. Рецептот за успех е искуство, талент, но и многу љубов. Ова е приказната за Анита и Климе Ковачески во продолжение,

За „Краст“ пишуваа и најпознатите американски весници, Форбс и Вол Стрит Журнал. Сакаа да ја откријат тајната на стратегијата на Ковачески во време кога инвестирањето во ресторан се смета за ризик. Потврда за ова е статистиката дека 60% од рестораните во САД се затвораат во првите три години. Но, ресторанот „Краст“ кој нуди медитерански специјалитети, во една од најфреквентните области во Мајами, не само што одолева на предизвиците, туку со бројни награди постојано докажува зошто е на врвот.

Опен Тејбл во 2017 година го прогласи „Краст“ за прв меѓу 100-те најдобри ресторани во САД. Во 2019 повторно го вброи меѓу најдобрите. Според Трип Адвајзор, „Краст“ е ресторанот број еден во Мајами. „Настојувам она што го работам да биде најдобро што може и да биде конкурентно. Од тие сто најдобри ресторани во Америка, кога проверив, овој беше единствен кој што го имаат Македонци. Тоа не значи дека нема други добри ресторани низ Америка од наши луѓе, но мене лично ми значи кога се успева и кога се зборува за тоа од каде сме“, вели Климе Ковачески, сопственик на ресторанот „Краст“ во Мајами.Климе и неговата сопруга Анита, Австралијанка со македонско потекло, се и бизнис партнери. Кулинарските вештини на Климе никого не го оставаат рамнодушен. Анита студирала комуникации во Австралија каде 15 години работела во индустријата за маркетинг. Но, вели, љубовта пред седум години ја довела на Флорида.Во 2015 го отвориле ресторанот „Краст“. Нејзината умешност да направи секој да се чувствува добредојден, им донела редовна клиентела, а добриот глас брзо се проширил. „Тоа ми доаѓа природно, така што за мене тоа е многу лесно. Секој ден заради акцентот луѓето ме прашуваат од каде сум. Тогаш им кажувам дека сум родена и израстена во Австралија, но дека по потекло сум Македонка“, вели Анита. Разните видови пица, тестенини, пилешки специјалитети… не само што имаат одличен вкус, туку и се служат во големи порции. Ковачески настојуваат да донесат и македонско вино на менито. Тие се свесни дека секој ден треба да се докажуваат бидејќи поминато е времето кога оценката за ресторанот или храната доаѓала од еден критичар. Сега, преку социјалните мрежи гостите во реално време реагираат на понудата. Како еден од најуспешните угостители во САД, повеќе од 30 години Ковачески работи и како консултант за други ресторани.
Агенција за иселеништво

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Дебрца е меѓу првите општини во Македонија која по бројот на излезени гласачи даде поддршка за професорката Давкова.

Дебрца е меѓу првите општини во Македонија која по бројот на излезени гласачи со 57,08% даде поддршка за професорката Давкова. Пред Дебрца со процент на...

Од денеска поскапува регистрацијата на возилата

Осигурителните компании денеска ги пречекаа граѓаните со нови ценовници. Цената на полисата за автоодговорност е поскапена за 15,4 отсто. Па така наместо досегашните 5.453...

Нереално е дека Давкова ќе победи со 100 илјади гласови разлика, рече Маричиќ пред месец дена во студиото на ТВ21

Бојан Маричиќ од студиото на ТВ21 пред еден месец, рече дека борбата помеѓу Силјановска-Давкова и Пендаровски ќе биде тесна, и дека Пендаровски на крајот...

Стружанецот Качевски, кој е ФИФА судија прослави јубилеј: 100 отсудени меча во ПМФЛ

Стружанецот Качевски, кој е ФИФА судија од 2022 година, имаше јубилеј во Првата македонска фудбалска лига. Зад своето име арбитарот дојде до бројката од...