13.9 C
Ohrid
петок, октомври 18, 2024
ПочетнаМакедонијаЕве зошто не треба да примиме бегалци од Авганистан

Еве зошто не треба да примиме бегалци од Авганистан

Не престануваат реакциите во јавноста откако премиерот Заев најави дека Македонија е спремна да прими бегалци од Авганистан, земјата која е нападната од талибанските борци. Најновата реакција е на поранешниот пратеник од ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски , кој смета дека Македонија во овие неколку години е држава без капацитет да ги исполни основните потреби на своите граѓани и дека премиерот Заев не може сам да одлучи за ова прашање.

“Разбираме, но има посилни и побогати од нас…
Разбираме, но не сме со капацитет…
Разбираме, но Македонија не може да прими бегалци…”,  пишува Димовски и додавајќи низа причини зошто други земји треба да ја преземат одговорноста.

” Прво, Република Македонија во овие неколку години е држава без капацитет да ги пружа основните услуги и потреби на своите граѓаните.

Од тука, уште повеќе, не е способна да обезбеди основни услуги за други.
Македонија во овие години покажа дека не може да обезбеди и не е способна за:
– редовен образовен систем;
– справување со короната, вакцинација и здравствени капацитети;
– доволно лекови за ретките болести;
– противпожарен систем, возила и навремено гасење;
– издавање на свидетелства за завршено образование;
– издавање на лични документи, сообраќајни таблици и слично;
– вода за пиење за Тетово и неколку други помали градови;
– градски сообраќај (безбеден од пандемијата) во Скопје;
– нормален пат (без да искршиш возило) до Охрид, Прилеп или Битола;
– откуп на земјоделски производи по исплатлива цена;
– справување со урбана мафија во Скопје, Охрид, Струга,…
– заштита на Охрид во рамки на статусот на УНЕСКО;
– вработување на млади;
– собирање на ѓубре од градовите;
– обезбедување на чист и здрав воздух (увезува кокс);
– редовен железнички патнички сообраќај кон Кичево и Кочани;
и многу други примери…

Второ, во Авганистан работеа и водеа бизнис стотици и илјадници компании од другите посилни европски држави.

Би било фер да се направи анализа колку компании од Белгија, Австрија или Шпанија создаваче работа и заработка во Авганистан и според тоа да се понесе и одговорноста за овие трагични луѓе…

Трето, Македонија беше трета држава, мерено по глава на жител, со број на војници ангажирани во Авганистан. Македонија го даде својот придонес максимално и професионално.

Време е да почека другите европски држави да покажат цивилизациска вредност спрема бегалците од Авганистан.

Четврто, никој во овој момент не може да даде потврда каков пример на граѓани бегаат од Авганистан.

Дали се обични цивили (како што власта ќе сака да претстави) или се припадници на другите екстремни политички фракции и милиции како што гледаме на меѓународните телевизиски канали, прави голема разлика за Македонија.

Оваа држава е држава која не се справува ниту со обичниот уличен криминал, кражби и ситна продажба на дрога, а камоли да има капацитет да се носи со екстремни милитанти организации.

Петто, Зоран Заев како Премиер, ниту Владата со доделен (дефиниран) мандат од Собранието нема легитимитет и основа за легалитет за да одлучи сам\и за ова прашање.

Оваа држава има Собрание како основен носител на правото на одлучување делегирано од граѓаните.

Шесто, меѓународната заедница е должна спрема Македонија, не Македонија спрема неа.

После сите отстапки кои ги направи Македонија во овие 30 години, а се однесуваа и на внатрешните и на надворешните односи, за возврат не доби ни онолку колку што заслужи.
Простете, но имаме право да ви сме лути за тоа”, пишува Димовски.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Полициска акција за дрога во Тетово и Охрид: Уапсени 13 лица, едно е во бегство!

Претреси на 17 локации во Тетово и Охрид, уапсени се 13 лица, а едно лице е во бегство – ова е исходот од денешната...

Во Велес утре Ден на жалост поради тројцата велешани кои настрадаа во сообраќајка

Како што информират од Општина Велес, на Денот на жалост, знамињата во Општина Велес ќе бидат истакнати на половина копје, сите културни и спортски...

Боки 13 на игра ќе доделува 7 автомобили и стан во Скопје.

Боки 13 лицето кое до неодамна беше во затвор а ослободен поради влошената здравствена состојба, го организара најголемиот Giveaway во Македонија... Македонијо започнува најголемиот GIVEAWAY...

Русковска: Не сум го читала светото писмо, затоа што не сум верник !!!

Ни помалку ни повеќе не сум горда за предметот за 27 април од другите предмети, тврди разрешената шефица на ОЈО ГОКК, Вилма Русковска во...