13 C
Ohrid
петок, октомври 18, 2024
ПочетнаМакедонијаЗаев откри колку ќе не чини прифаќањето на бегалците

Заев откри колку ќе не чини прифаќањето на бегалците

Премиерот Зоран Заев денеска на почетокот на изградбата на висечкиот мост „Љубљанска“, одговарајќи на новинарско прашање, рече дека земјата ќе ја чини 74.000 денари привремениот прием на Авганистанци во земјата.

Вчера портпаролот на Владата соопшти дека последната бројка на примени Авганистанци би била 780, но Заев тврди дека овој податок варира и дека дури е можно да се намалува, затоа што некои од нив биле префрлени на други дестинации наместо да пристигнат во Скопје.

Заев сепак не нагласи дали 74.000 денари би бил вкупниот трошок или пак за секој примен Авганистанец одделно, со оглед на тоа што се очекува сместувањето да биде финансирано од САД и од меѓународните организации.

– 74.000 денари најверојатно. затоа што сместувањето на луѓето, исхраната, се што треба за таквите луѓе, кои што верувам дека овие денови ќе стигнат. Верувам дека ќе стигнат граѓани миротворци и активисти за човекови права, луѓе кои влијаеле на демократијата и асистенти и на нашата армија.

Се определивме за поголема бројка затоа што имаме големо срце и сме живееле во регион кој трпел конфликти. Еден човек да спасиме, мислам дека го спасуваме светот. Така да бројките никој не може да ги каже, некои од предвидените се откажале, отишле на некоја друга дестинација, рече денеска Заев.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Полициска акција за дрога во Тетово и Охрид: Уапсени 13 лица, едно е во бегство!

Претреси на 17 локации во Тетово и Охрид, уапсени се 13 лица, а едно лице е во бегство – ова е исходот од денешната...

Во Велес утре Ден на жалост поради тројцата велешани кои настрадаа во сообраќајка

Како што информират од Општина Велес, на Денот на жалост, знамињата во Општина Велес ќе бидат истакнати на половина копје, сите културни и спортски...

Боки 13 на игра ќе доделува 7 автомобили и стан во Скопје.

Боки 13 лицето кое до неодамна беше во затвор а ослободен поради влошената здравствена состојба, го организара најголемиот Giveaway во Македонија... Македонијо започнува најголемиот GIVEAWAY...

Русковска: Не сум го читала светото писмо, затоа што не сум верник !!!

Ни помалку ни повеќе не сум горда за предметот за 27 април од другите предмети, тврди разрешената шефица на ОЈО ГОКК, Вилма Русковска во...