9.9 C
Ohrid
понеделник, декември 9, 2024
ПочетнаАвстралијаМитови и вистини околу коцкањето

Митови и вистини околу коцкањето

spot_img

Австралиската Македонска Добротворна Организација од НЈВ (порано познато како Македонско Австралиска Добротворна Организација од Сиднеј) чија главна канцеларија се наоѓа во Kogarah, во рамките на проектот,Спречување на штетата од коцкањето во мултикултурните заедници, доделен одвлада на НЈВ (NSW Government), покарај другите програмски активности,продолжува со објавување на артикли во нашите ценети и реномирани македонски весници.

На овој начин, би сакале, сите членови во македонската заедница кои учествуваат во проектите, како и пошироката македонска заедница, редовно да бидат информирани на разни теми.

Во ова издание ќе зборуваме Митови и вистини околу коцкањето.

Оговорното коцкање е практикување на контрола и донесување на информирани одлуки. Коцкањето може да е вид на активност во која може да се ужива, ама одговорно и во граници на парите и времето, а исто така да се одржува во рамнотежа со останатите активности и одговорности во животот. Многу луѓе се коцкаат на некој начин најмалку еднаш во годината, било да е на трки, лотарија, покерските машини или во казината.

За повеќето поединци, коцкањето е вид на забава или момент за дружење со пријателите. Тоа не треба да е никаков вид на инвестирање или начин на заработување. Коцкањето не е одговор на финансиските проблеми, ниту е решение за стресни состојби, нерасположение или фрустрација.

Во НЈВ, околу еден од двајца возрасни луѓе се коцкаат. Во период од 12 месеци, до фебруари 2019 година околу 53% од луѓето учествувале во некаков вид на коцкарска активност. Лотаријата била најпопуларен начин на коцкање, проследен со коцкањето на коцкарските машини, гребење на инстант лозови – инстант лотарија и кладењето на трки.

Затоа што коцкањето на коцкарските машини е едно од најпопуларните видови на коцкање, добро е да се знае дека сите резултати, при играњето на нив, се одредени од генератор на случаен број (Random Number Generator – RNG). Ова преставува –машина на среќа (“chance machine”) која ги селектира симболите за секоја игра.

Технологијата ги контролира сите аспекти на играта почнувајќи од внесувањето на жетонот до одредувањето на исходот при секое вртење.

Без разлика на ова, постојат многубројни митови, суеверија и лажни верувања околу играњето на коцкарските машини. Еве некои од нив:

Мит:

Машините за коцкање се програмирани да произведуваат игри со добивка, доколку има забележано премногу загуби во одреден период.

Факт:

Машините за коцкање ЦЕЛО ВРЕМЕ работат врз основа на случаен избор, без разлика колку победи или загуби се случиле во минатото. Мит е дека после серија на губитоци или изгубени игри, машините за коцкање ќе ‘компензираат’ со добивка.

Резултатите на машините за коцкање е одреден од видот на софтвер наречен ‘генератор на случаен број’ и машината за коцкање претставува ‘машина на среќа’ која случајно ги селектира броевите за да ги одреди резултатите.

Мит:

Машините за коцкање исплаќаат повеќе во одредени времиња во текот на денот.

Факт:

Факт е дека нема никаква разлика во работењето на машината ако се игра во

одредено време од денот или ноќта, бидејќи машините за коцкање (покер машини, „Поки“) користат софтвер кој случајно избира броеви, што резултира во случајна исплата во кое било време од денот.

Мит:

После серија загубени игри, играчот треба да продолжи да игра затоа што машината за коцкање ќе го надополни тоа со низа на победи.

Факт:

Претходните игри немаат никакво влијание врз која било игра или серија од игри што може да бидат играни во иднина. Секој пат кога ќе ставите облог, резултатот енезависен од предходните игри. Шансите за победа не се менуваат ако претходно сте победиле или сте изгубиле пари. Добро е ако играчот избегнува бркање на загубите и никогаш да не се обложува повеќе отколку што може да си дозволи да изгуби.

Мит:

Колку подолго се коцкате на една машина толку е поголема веројатноста да добиете голема награда.

Факт:

Секоја игра/вртење на машините за коцкање е независна од претходните игри/вртења. Со секоја игра/вртење на било која машина за коцкање вашите шанси за победа или губиток остануваат исти, без разлика на времето или парите што ќе ги потрошите играјќи. Спрема правилата на математичката веројатност, колку повеќе играте вашите шанси да изгубите се поголеми.

Мит:

Машината за коцкање може да биде измамена да произведува добитни комбинации со менување на шаблоните на играње, допирање на машината на одреден начин, промена на нивоата на обложување, менување на бројот или линиите во играњето, откривање на таен фактор на вештина или промена на брзината на играта.

Факт:

Факт е дека машините за коцкање НЕ МОЖАТ да бидат измамени за да произведат добитни комбинации ни со менување на шаблоните на играње, ниту со допирање намашините за коцкање на одреден начин, или со промена на нивоата на облошување. Исто така тие НЕ МОЖАТ да бидат изманипулирани ни со промена на бројот или линиите во играњето, ниту со измислување на некој таен фактор навештина или промена на брзината на играта, зошто коцкарските игри се игри на случајност каде крајниот резултат е одреден со случаен избор.

Без разлика како ќе ги изберете бројките или кој вид на стратегии ќе употребите за да ја измамите машината за коцкање не можете да влијаете на шансите/коефициентите.

Разбирањето на овие митови и вистини околу машините за коцкање може да води доразбирање дека крајниот резултат, на било која игра на машините за коцкање,секогаш е непредвидлив. Како резултат на ова, треба да се очекува губиток на пари на подолг рок, бидејќи користењето на било каква вештина при коцкањето НЕМОЖЕ да победи ни една машина за коцкање.

Многу е важно да се сфати дека пиењето на алкохолни пијалоци за време накоцкањето треба да е умерено, бидејќи премногу алкохол може да доведе дотрошење на повеќе пари одколку било планирано во почетокот на играњето накоцкарските машини. Доколку играте на коцкарските машини добро е се стави граница за колку треба да се потроши, затоа што никој не може да се обложува со пари кои не може да си дозволи да ги изгуби.

Добро е да се знае дека некои од учесниците во коцкарските активности може дадоживуваат проблеми заради коцкањето и многу е важно, знаците за овиепроблеми, да се препознаат на време. Некои од знаците може да се следниве:

 Преголемо размислување околу коцкарските активности Зголемување на сумата на пари вложена во коцкањето и бркање на губитоците Криење на знаците на коцкањето од фамилијата и пријателите

Позајмување на пари за коцкање, продавање или заложување на предметиод домаќинството за да се подмират трошоците од коцкањето или да се продолжи со коцкарските активности

Коцкањето се употребува како начин да се заборават проблемите

Бидејќи неодговорното и проблематично коцкање станува се поголем проблем воНЈВ, а и во цела Австралија, многу е важно да се препознае во раната фаза и да сепревземат мерки. Во НЈВ, за секој оној кој има проблеми со коцкањето, вклучувајќиги и членовите на нивните семејства и пријателите, се овозможува бесплатна и доверлива помош од сервисите за помош со проблеми предизвикани од коцкањето.Помошта за оние кои се соочуваат со проблеми од коцкањето овозможува:

 24 часовно советување преку телефон, 7 дена во неделата на 1800 858 858

 Индивидуално-лице во лице советување на 270 локации во НЈВ

Разговор со советник за проблематично коцкање преку интернет

 Служби за членови од Абориџанската или било која друга културна заедница

 Советување за финансиските проблеми и правна помош

Доколку вие или некој кој што го познавате сте афектирани од коцкањето можете дадобиете бесплатна и строго доверлива помош од GambleAware ако ја посетитенивната интернет страна www.gambleaware.nsw.gov.au или ако ги контактирате на 1800 858 858.

Доколку ви е потребен преведувач на јазикот кој го зборувате може да ја контактирате националната службата за преведување преку телефон (TIS) на 13 14 50, која е достапна 24 часа дневно, секој ден во годината; или преведувач може дабиде обезбеден од GambleAware, доколку се јавите на телефонот 1800 858 858 и ги информирате дека би сакале да зборувате со советник со користење на преведувач на јазикот кој го зборувате.

За повеќе информации околу овој проект и другите проекти кои ги води Австралиската Македонска Добротворна организација (порано позната како Македонско Австралиска Добротворна Организација), обратете се на Лихнида или Роза на (02) 8591 1431.

Лихнида Бахчанџиева Тасеска

Координатор на проектот

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Боксерот Крајевски си го одзеде животот на само 37 години

Литванскиот боксер Генадиј Крајевски, кој живееше во Англија, се самоуби на свои 37 години. Крајевски бил познат по прекарот „Балтички бомбаш“, а најмногу се борел...

Регистарските таблички на државните возила ќе бидат во боите на државното знаме

На 10 декември Владата на седница ќе го разгледува Правилникот според кој, државните возила треба да бидат препознатливи за јавноста по нивната црвено-жолта регистрација....

Мало потсетување: 46 отсто од македонските граѓани веруваат дека од авион прскаат вируси

Влора Речица, една од авторките на истражувањето на Институтот за демократија со наслов „Човек од народот“, гостуваше во пред две години гостуваше во „Клик...

Протестот на ДУИ пропадна, граѓаните одбиваат да ги заштитат партиските милионери

Обидите на ДУИ да организира масовен протест пред Уставниот суд, со тврдење дека го бранат Законот за употреба на јазиците, изгледа дека се соочуваат...