13 C
Ohrid
петок, октомври 18, 2024
ПочетнаМакедонијаМицкоски до гласачите на Левица: Поддржете нѐ во првиот круг, ние ќе...

Мицкоски до гласачите на Левица: Поддржете нѐ во првиот круг, ние ќе ве поддржиме во вториот

Mојата цел беше кога на еден Дневник се обидов да подадам рака на оние кои се идентификуваат како опозиција да направиме заеднички политички блок. На тој начин полесно ќе направиме делегитимирање на власта, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на гостување во емисијата Заспиј ако можеш што се емитува на телевизија Алфа говорејќи за понудата до раководството на Левица да ги поддржи кандидатите на опозицијата, доколку оваа партија навистина сака да ја делегитимира власта.

Зачуден сум, кажа Мицкоски, како не ја гледаат крајната цел, а тоа е да се направи поширок опозициски блок.

Мицкоски ги повика членовите, симпатизерите на Левица онаму каде немаат кандидати да ги поддржат оние на опозицијата.

„Жалам што раководството на Левица не ја препозна шансата за обединување против Заев, ги повикувам нејзините гласачи да ги поддржат кандидатите на опозицијата таму каде Левица не одат со свои кандидати, а јас ќе повикам во вториот круг таму каде нема да имаме свои, да се поддржат кандидатите на Левица“, заклучи Мицкоски.
Пишува: Република

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Полициска акција за дрога во Тетово и Охрид: Уапсени 13 лица, едно е во бегство!

Претреси на 17 локации во Тетово и Охрид, уапсени се 13 лица, а едно лице е во бегство – ова е исходот од денешната...

Во Велес утре Ден на жалост поради тројцата велешани кои настрадаа во сообраќајка

Како што информират од Општина Велес, на Денот на жалост, знамињата во Општина Велес ќе бидат истакнати на половина копје, сите културни и спортски...

Боки 13 на игра ќе доделува 7 автомобили и стан во Скопје.

Боки 13 лицето кое до неодамна беше во затвор а ослободен поради влошената здравствена состојба, го организара најголемиот Giveaway во Македонија... Македонијо започнува најголемиот GIVEAWAY...

Русковска: Не сум го читала светото писмо, затоа што не сум верник !!!

Ни помалку ни повеќе не сум горда за предметот за 27 април од другите предмети, тврди разрешената шефица на ОЈО ГОКК, Вилма Русковска во...