15.9 C
Ohrid
недела, јули 20, 2025
ПочетнаСветЌе се урива куќата на Ал Капоне на Флорида

Ќе се урива куќата на Ал Капоне на Флорида

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Куќата на југот од американската сојузна држава Флорида, којашто речиси 20 години му припаѓаше на познатиот гангстер Ал Капоне, најверојатно ќе се урива.

<

Според „Мајами хералд“, новите сопственици на куќата со девет соби во градот Мајами Бич имаат намера да ја урнат, откако летово ја купиле за 10,75 милиони долари. Еден од сопствениците, Тод Глејзер, изјави дека куќата, која се наоѓа на околу еден метар под морското ниво, била оштетена од поплави и подземни води.

Тие сакаат да изградат нова двокатна куќа, со осум соби, осум бањи, џакузи, спа-просторија и сауна.

Оваа куќа обично е ѓубре. Срамно е тоа за Мајами Бич, додаде Глејзер.

Сосопственик на куќата е деловниот партнер на Глејзер, Нелсон Гонзалес – градежен инвеститор и бизнисмен.

Ал Капоне ја купи куќата во 1928. за тогашни 40.000 долари и често престојуваше таму, каде што и почина, од срцев удар, 1947 година. Трите внуки на Капоне планираат да продадат и 174 предмети од својот дедо, на аукција на 8 октомври, во аукциската куќа „Витерелс“ во Сакраменто.

Brif.Mk

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Денеска се празнува Светата великомаченичка Недела

Во времето на христоборните цареви Диоклецијан и Максимијан во Анадолија живееја две побожни стари души, Доротеј и Евсевија. Беа побожни христијани, богати, но и...

Пендаровски за Лајм ТВ: Мислам дека Милошевиќ стои зад атентатот врз Глигоров

Поранешниот претседател Стево Пендаровски, во ново интервју за Лајм ТВ, зборуваше за актуелната политичка состојба во Македонија. Во интервјуто, Пендаровски изјави дека и по толку...

Од утре низ охридските улици ќе има полициски службеници од Србија.

Полициски службеници на Министерството за внатрешни работи на Србија од утре заедно со нивни колеги од македонското МВР ќе патролираат низ улиците на Охрид. Станува...

Скопјанец низ Кичево возел со 3,15 промили алкохол во крвта.

На 18.07.2025 година во 13.47 часот, на кружната крстосница „Млин“ во Кичево, лишен од слобода е Б.К.(48) од Скопје. При контрола во патниот сообраќај,...