13 C
Ohrid
петок, октомври 18, 2024
ПочетнаМакедонијаПејкова: СДСМ ги зголемија платите од 15 до 40% и вработија здравствен...

Пејкова: СДСМ ги зголемија платите од 15 до 40% и вработија здравствен персонал

Мојата професија е полна со предизвици и голема чест е да бидам дел од кампањата на овие избори, избори на кои вие го избирате најдоброто за Скопје, порача носителката на советничката листа во Град Скопје од СДСМ, доктор Софија Пејкова, на промовирањето на кандидатите за советници. Таа кажа дека како човек се води од принципите на човечност, свесност и несебичност, а тоа се вредности што ги практикува како човек и хирург.

-Како носител најискрено ви ветувам дека совесно, чесно и несебично ќе се залагам Скопје да стане поубаво место за живеење за сите нас. Јас и мојот сопруг како лекари специјалисти имавме можност да останеме во земјите кадешто се школувавме, но решивме да се вратиме во Скопје и да ги пренесеме нашите знаења и искуства на помладите генерации и колеги. Јас не сум политичар, јас сум лекар, но пандемијата докажа колку важна алка е здравствениот систем во општеството, изјави Пејкова.

Таа додаде дека прифатила да биде носител на, како што вели, победничката листа, бидејќи со нејзината работа и пациентите околу неа смета дека може да помогне да се направи Скопје поубаво место за живеење.

-Вие најдобро знаете колку здравствениот систем зависи од локалните и владините политики, многу мои колеги останаа да работат во странство, но со СДСМ веќе не е така. СДСМ докажа дека ги цени и вреднува лекарите и медицинскиот персонал. Заев и СДСМ ги подобрија условите, вработија здравствен персонал, ги зголемија платите од 15 до 40% и овозможија ние лекарите да даваме подобри здравствени услуги, потенцира Пејкова.

Таа кажа дека паркингот и сите влезови на Клиничкиот центар благодарение на Шилегов биле комплетно средени, па сега Клиничкиот центар има влез, осветлување, разеленети површини и безбедни тротоари.

-Голема е честа и задоволството да му се придружам на победничкиот тим на Шилегов. Тоа е тим што обезбеди средства за БРТ системот кој ќе го намали загадувањето предизвикано со двокатните кинески автобуси, тим кој ги намали огновите на отворено, тимот што го направи Скопје велоград, тимот што намали илјадници оџаци и обезбеди субвенции за инвертори, истакна носителката на листата на СДСМ.

-Исто како што положив Хипократова заклетва како лекар, положувам заклетва и пред вас скопјани дека совесно, чесно и посветено ќе се грижам да го добиете најдоброто, заклучи Пејкова.
Локално

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Полициска акција за дрога во Тетово и Охрид: Уапсени 13 лица, едно е во бегство!

Претреси на 17 локации во Тетово и Охрид, уапсени се 13 лица, а едно лице е во бегство – ова е исходот од денешната...

Во Велес утре Ден на жалост поради тројцата велешани кои настрадаа во сообраќајка

Како што информират од Општина Велес, на Денот на жалост, знамињата во Општина Велес ќе бидат истакнати на половина копје, сите културни и спортски...

Боки 13 на игра ќе доделува 7 автомобили и стан во Скопје.

Боки 13 лицето кое до неодамна беше во затвор а ослободен поради влошената здравствена состојба, го организара најголемиот Giveaway во Македонија... Македонијо започнува најголемиот GIVEAWAY...

Русковска: Не сум го читала светото писмо, затоа што не сум верник !!!

Ни помалку ни повеќе не сум горда за предметот за 27 април од другите предмети, тврди разрешената шефица на ОЈО ГОКК, Вилма Русковска во...