13.9 C
Ohrid
петок, октомври 18, 2024
ПочетнаМакедонијаД-р Лазаров: За маски за медицинари нема, ама затоа за плакати, пенкала...

Д-р Лазаров: За маски за медицинари нема, ама затоа за плакати, пенкала и упаљач има секогаш

Доктор Ненад Лазаров кој во текот на целата пандемија алармира на аномалиите на здравствениот систем, со цел нештата да се подобрат, овој пат реагира на промотивниот изборен материјал на политичките партии, додека нема заштита медицинска опрема.

„За заштитна опрема ниту маски за медицинари се нема ,секој сам купува, ама затоа за плакати, пенкала и упаљач има секогаш. Срам да ви е“, порача Д-р Лазаров.

Подоцна, тој појаснува дека во примарно здравство добиле 50 хируршки маски од почеток на кризата.

„На клиника на плазма стерилизираат кн маски, ретко каде по нешто се добива. Излезете од штабови и ќе видите“, коментира Лазаров.

Докторот упати и интересен предлог за предизборен маркетинг:

„Откажете ги барем завршните митинзи, има време за тоа, со парите купете и донирајте заштитни маски и опрема за медицинари, хигиенски средства и филтри за воздух за училиштата, хигиена и заштита во јавен превоз, народни кујни и тн… Нема подобар маркетинг од ова а воедно ќе покажете дека ви е стало до народ и дека разбирате дека митинзи не се безбедни. Ова игнорирање на ковид кризата е психопатологија, ќе ни се врати ко бумеранг“, предложи Лазаров.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Полициска акција за дрога во Тетово и Охрид: Уапсени 13 лица, едно е во бегство!

Претреси на 17 локации во Тетово и Охрид, уапсени се 13 лица, а едно лице е во бегство – ова е исходот од денешната...

Во Велес утре Ден на жалост поради тројцата велешани кои настрадаа во сообраќајка

Како што информират од Општина Велес, на Денот на жалост, знамињата во Општина Велес ќе бидат истакнати на половина копје, сите културни и спортски...

Боки 13 на игра ќе доделува 7 автомобили и стан во Скопје.

Боки 13 лицето кое до неодамна беше во затвор а ослободен поради влошената здравствена состојба, го организара најголемиот Giveaway во Македонија... Македонијо започнува најголемиот GIVEAWAY...

Русковска: Не сум го читала светото писмо, затоа што не сум верник !!!

Ни помалку ни повеќе не сум горда за предметот за 27 април од другите предмети, тврди разрешената шефица на ОЈО ГОКК, Вилма Русковска во...