13.9 C
Ohrid
петок, октомври 18, 2024
ПочетнаМакедонијаЗаев од Кочани: Од први јануари минималната плата ќе биде 18.000

Заев од Кочани: Од први јануари минималната плата ќе биде 18.000

Кочани е важен град во Источна Македонија, центар на македонскиот Исток и зато е важно да продолжи по вистинскиот пат.
А вистинскиот пат е со СДСМ и Николчо Илиев напред – кон развојот, кон напредокот. Во овие четири години потавивме високи економски стандарди“, рече претседателот на СДСМ, Зоран Заев во денешната своја посета на Кочани.

Тој истакна дека минималната плата е покачена на 15.200 денари, а до пред четири години беше 9.000 денари.

„Согласно економските движења и растот на економијата, од први јануари минималната плата ќе биде 18.000 денари или триста евра.
Тоа е логична претпоставка имајќи предвид дека растат платите во сите сектори, дека расте просечната плата во континуитет.
Државниот завод за статистика објави дека просечната плата за август оваа година изнесува 28.642 денари што е за четири отсто повисока од истиот месец од претходната година“, рече Заев пред присутните.

„Тоа е правецот во кој треба да се движи нашата земја, нашата економија и нашето општество. За да се одржи тој континуитет, за да продолжи помошта кон граѓаните, кон стопанството, треба да се избере опцијата која води напред. А опцијата која води напред е СДСМ и Коалицијата, тоа е најдоброто за Кочани, најдоброто за државата.
Кочани ќе продолжи да се развива и напредува само со Николчо Илиев, само со СДСМ и Коалицијата“, рече Заев и порача на 31 октомври, „гласајте за број 12, за да продолжи напредокот“.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Полициска акција за дрога во Тетово и Охрид: Уапсени 13 лица, едно е во бегство!

Претреси на 17 локации во Тетово и Охрид, уапсени се 13 лица, а едно лице е во бегство – ова е исходот од денешната...

Во Велес утре Ден на жалост поради тројцата велешани кои настрадаа во сообраќајка

Како што информират од Општина Велес, на Денот на жалост, знамињата во Општина Велес ќе бидат истакнати на половина копје, сите културни и спортски...

Боки 13 на игра ќе доделува 7 автомобили и стан во Скопје.

Боки 13 лицето кое до неодамна беше во затвор а ослободен поради влошената здравствена состојба, го организара најголемиот Giveaway во Македонија... Македонијо започнува најголемиот GIVEAWAY...

Русковска: Не сум го читала светото писмо, затоа што не сум верник !!!

Ни помалку ни повеќе не сум горда за предметот за 27 април од другите предмети, тврди разрешената шефица на ОЈО ГОКК, Вилма Русковска во...