15.5 C
Ohrid
вторник, мај 17, 2022
Почетна Австралија Алкохолот и менталното здравје за време на пандемијата на Ковид-19 (Covid-19)

Алкохолот и менталното здравје за време на пандемијата на Ковид-19 (Covid-19)

Translate (Eng):[gtranslate]

Австралиско Македонската Добротворна Организација од НЈВ (порано познато
како Македонско Австралиска Добротворна Организација од Сиднеј) во рамките
на проектот за Превенција на штетата од дрога и алкохол и заштита на менталното
здравје во мултикултурните заедници, финансиран од општината на Canterbury-
Bankstown, покарај другите програмски активности, продолжува со објавување на
артикли во нашите ценети и реномирани македонски весници и магазини. 

 

На овој начин, би сакале, сите членови во македонската заедница кои учествуваат во проектите, како и пошироката македонска заедница, редовно да бидат информирани на разни теми.

Во ова издание ќе зборуваме за Алкохолот и менталното здравје за време на
пандемијата на Ковид-19 (Covid-19)

Во овој период на неизвесност, кога начинот на живот се смени за кусо време поради
пандемијата на корона вирусот (Covid-19), чуствата на збунетост, вознемиреност,
нерасположеност, загриженост за ново настанатата состојба, која често се менува и
желбата се да се врати во нормала, се нормална реакција на еден ваков несекојдневен
настан.
И покрај сите промени, вклучувајќи ги и рестрикциите, кои овозможуваат да се забави
ширењето на корона вирусот, важно е да се запамти дека консумирањето на алкохол за
време на пандемијата на ковид може само да ги продлабочи негативните ефекти од
инфекцијата и ширењето на инфекцијата на ковид 19. Иако постојат разни
дезинформации за користењето на алкохол во текот на пандемијата на ковид, важно е
да се знае дека користењето на алкохол, во никој случај не може да ве заштити од ковид
или да спречи да се заразите со ковид.
Генерално, во историјата секое општество се соочило со користење на разни дроги кои
влијаат на расположението, мислите и чуствата. Најмногу од користените дроги –
алкохолот и тутунот се легални дроги. Но треба да се знае дека иако овие легални
дроги, према некои митови се добри за “подобрување” на расположението и на
здравјето, користењето на овие легални дроги предизвикуваат многу проблеми по
физичкото и менталното здравје.
Посебно сега, во услови на пандемијата на ковид, во светот, се формираа митови околу
користењето на алкохол и неговото влијание на ковид. Некои од нив се следниве:
Мит – Консумирањето на алкохол го уништува вирусот кој предизвикува Ковид 19.
Вистина – Консумирањето на алкохол нема да го уништи вирусот на Ковид,
наспроти неговото консумирање во големи количини ќе доведе до влошување на
здравјето доколку особата биде инфицирана со вирусот. Алкохолот, со концентрација од
најмалку 60 промили, може да делува како дезинфектант на кожата, но дефинитивно
нема такво дејство врз здравјето, доколку се внесе во организмот.
Мит – Пиењето на алкохол го убива вирусот во вдишениот воздух.

Вистина – Консумирањето на алкохол нема да го убие вирусот во воздухот што
го вдишуваме – нема да ја дезинфицира устата или грлото и нема да даде никаков вид
на заштита против вирусот на Ковид-19.
Мит – Алкохолот (пиво, вино, дестилирани алкохони пијалоци – ракија, виски и др., или
хербални/билни алкохолни пијалоци) го стимулираат имунитетот и отпорноста кон
вирусот.
Вистина – Докажано е дека Алкохолот делува штетно на имуниот систем и нема да
ги стимулира имунитетот и отпорноста кон вирусот.
Генерални факти за консумирањето на алкохол и здравјето, кои треба да се
знаат:
– Алкохолот има краткотрајни и долгорочни несакани ефекти врз скоро секој органво организмот. Докажано е дека не постои сигурна граница на внесување наалкохол, туку со секое ново консумирање на алкохол се зголемува ризикот за оштетување на организмот.
-Користењето на алкохол го оштетува имуниот систем и ја намалува можноста на организмот да се брани од инфекции.
– Алкохолот, дури и во мали количини може да предизвика рак.
– Алкохолот ги менува мислите, расудувањето, одлуките и однесувањето во
негативна насока.
– Зголеменото користење на алкохол го зголемува ризикот од акутен респираторен стрес синдром кој е еден од најопасните компликации од Ковид-19.
-Во овие критични моменти на пандемијата од Ковид-19 многу е важно да ги имате во предвид опасностите од алкохолот во текот на пандемијата и што е добро да се прави или да не се прави во однос на алкохолот.

– Избегнувајте го консумирањето на алкохол за да не го доведете во опасност
имуниот систем и здравјето, како и здравјето на другите.
– Останете трезни така да можете да реагирате на опасностите, да делувате брзо и да донесете одлуки со “трезна глава” за себе, фамилијата и за сите други во заедницата.
– Доколку и се одлучите да консумирате некаков вид на алкохол направете го тоа во минимални граници и секако немојте да се интоксицирате.
– Избегнувајте го консумирањето на алкохол како причина за дружење. -Докажано е дека консумирањето на алкохол и пушењето се поврзани со покомплицирано и
поопасно напредување на Ковид-19.
– Дискутирајте ги проблемите поврзани со пиењето и Ковид-19 со вашите деца и помладите луѓе. Некои од овие проблеми се прекршување на правилата за
изолација и физичко растојание, кои може да ја влошат пандемијата.
– Никогаш не го земајте алкохолот со други лекови, дури и ако се билни лекови или лекови/додатоци без рецепта, зошто тие можат да станат токсични и опасни.
– Не консумирајте алкохол со лекови кои делуваат на централниот нервен систем како што лекови против болка, лекови за спиење, анти-депресанти и др., зоштоалкохолот може да интерферира со нив и да предизвика откажување на црниот дроб или посериозни проблеми.

Исто така, многу е важно да се разбере дека алкохолот претставува ризик за здравјето и безбедноста, па затоа неговото користење треба да се избегнува за време на
изолацијата или карантинот. Кога се работи од дома придржувањето кон правилата од
работното место и не консумирање на алкохол е многу важно. Алкохолот не треба да е
дел од било која здрава исхрана и не треба да има приоритет на листата за купување на намирници. Можеби, генерално, некои луѓе мислат дека алкохолот помага во
соочувањето со стресот, но вистина е дека алкохолот ги зголемува паничните и
анксиозни пореметувања, депресијата и другите ментални проблеми и го
зголемува ризикот за појава на домашно насилство.

Во овие критични времиња на пандемијата на Ковид-19, наместо консумирање на
алкохол во времето поминато дома треба да се прават некои физички активности, дома или надвор, кои ќе го подобрат имунитетот и здравјето.

Постојат многу активности со кои може да се зачува менталното и физичкото
здравје. Еве некои од нив:

-Останете активни пешачење, таи-чи, џогирање, јога, но запамтете дека треба
да се држите на растојание од 1.5 метри од другите.

-Хранете се здраво

– Останете во контакт со другите

– Понекогаш, одморите од читање, гледање и слушање вести, вклучувајќи ги и
социјалните медиуми

-Обрнете внимание на вашето ментално здравје и благосостојба

-Доколку се справувате со проблеми во менталното здравје и преголемо
користење на алкохол побарајте помош и поддршка порано.

Ако се чуствувате преоптоварени или вознемирени можете да разговарате и со обучен
советник во било кое време или ден ако се јавите на Coronavirus Mental Wellbeing Line
(телефонска линија за помош околу менталната благосостојба во време на
коронавирусот) на 1800 512 348.
Доколку ви е потребен преведувач преку телефон, за бесплатни услуги, јавете се 13 1450 и кажете им кој јазик ви е потребен.

Потоа, замолете го преведувачот да ве поврзи со Coronavirus Mental Wellbeing Support Service (Служба за поддршка околу менталната благосостојба во време на коронавирусот).

Доколку се чуствувате неспособни да продолжите со вашиот секојдневен живот, контактирајте го вашиот локален доктор од општа пракса (GP).
Материјалот за текстот е адаптиран спрема
Alcohol-and-COVID-19-what-you-need-to-know.pdf (who.int)

Лихнида Бахчанџиева-Тасеска
Координатор на проектот