2.9 C
Ohrid
сабота, ноември 16, 2024
ПочетнаАвстралијаПРЕПОЛНЕТА ЧАША – ЛОКДАУН (ЗАТВОРАЊЕ): НОВА РАДИО ДРАМА КОЈА ЈА РАЗГЛЕДУВА ПАНДЕМИЈАТА...

ПРЕПОЛНЕТА ЧАША – ЛОКДАУН (ЗАТВОРАЊЕ): НОВА РАДИО ДРАМА КОЈА ЈА РАЗГЛЕДУВА ПАНДЕМИЈАТА НА КОВИД-19 ЗА МАКЕДОНСКАТА ЗАЕДНИЦА

Како иницијатива, прва од ваков вид, Службата на NSW Health за комуникации со мултикултурната заедница (NSW Multicultural Health Communication Service) и Мултикултурната здравствена служба од Локалната здравствена област за југоисточен Сиднеј (South Eastern Sydney Local Health District’s Multicultural Health Service) ја промовираат новата радио драма на македонски јазик, Преполнета чаша – Локдаун (Затворање), која ја разгледува пандемијата на КОВИД-19 преку искуствата на едно македонско семејство во Сиднеј.
Напишана од наградуваниот драматург Душан Ристевски, а во изведба на Австралиско македонскиот театар од Сиднеј, оваа 45-минутна радио претстава драматично прикажува како пандемијата на КОВИД-19 влијае на секојдневниот живот, врските и идните планови на семејството.
Lisa Woodland, директорка на Службата на NSW Health за комуникации со мултикултурната заедница, рече дека проектот е дел од континуираните напори на службата да ги ангажира заедниците од различно културно и јазично потекло во државата со пораките за КОВИД-19 на иновативни начини. “Македонската заедница има долга традиција на театар во заедницата и нашето искуство покажува дека можеме да користиме комуникации преку театар за да разгледуваме сложени и емоционални здравствени прашања на начин кој има одзив,” рече г-ѓата Woodland. “Кога поради продолженото затворање оваа година настапите во живо беа одложени на неодредено време, решивме да подготвиме претстава за радио за да може заедницата да ужива во неа без оглед на какви било ограничувања поради КОВИД-19.”
Локалната здравствена област за југоисточен Сиднеј е дом на една од најголемите македонски заедници во Нов Јужен Велс. Мултикултурната здравствена служба на областа претходно користеше театарски претстави во заедницата во живо за успешно да ги ангажира членовите од македонската заедница на често стигматизирани теми како што се ракот и менталното здравје. Преполнета чаша – Локдаун (Затворање) е достапна за слушање на веб-страницата на Службата на NSW Health за комуникации со мултикултурната заедница: https://www.mhcs.health.nsw.gov.au/about-us/campaigns-and-projects/current campaigns/macedonian-radio-play За Преполнета чаша – Локдаун (Затворање)
Преполнета чаша – Локдаун (Затворање) ги разгледува искуствата на едно македонско семејство кое се бори со предизвиците во секојдневниот живот за време на пандемијата на КОВИД-19. Пред КОВИД, на сите им оди добро во животот – работат, планираат патување и се подготвуваат за семејна свадба. Кога ќе пристигне КОВИД, се рушат нивните соништа. Ограничувањата кои постојано се менуваат, во комбинација со стравот од зараза со вирусот предизвикуваат стрес во семејството. За време на неизвесноста во текот на затворањето, тие размислуваат за нивното здравје, учат како да се приспособат и со нетрпение очекуваат да се вратат на нивниот нормален живот.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Автобус на ЈСП излета на патот Раштак-Булачани

Автобус на ЈСП утрово излета од патот Раштак-Булачани. Според првичните информации, нема повредени лица, бидејќи во автобусот немало патници, пишува Скопје 1. Засега не е позната...

ФОТО: Камион цистерна удри три возила во Кичево

Попладнево во Кичево на магистраниот пат се случила сообраќајна несреќа во која учествувале камион и три патнички возила. Како што пренесува репортерот на ТВ21 камионот...

Ништо од „стариот“ Тајсон: Борбата со Пол беше – циркус и шоу за многу пари

Легендарниот Мајк Тајсон по 21 година се врати во рингот и тоа против Џејк Пол кој е триесет години помлад јутјубер, но веќе неколку...

По обидот за убиство, Штекли го изгуби кучето – нуди награда од 200 евра

По обидот за убиство, Раде Трајковски Штекли доцна синоќа се огласи на социјалните мрежи. На неговиот профил на Инстаграм тој упати јавна молба со...