Во оваа рубрика ќе ви презентираме интересни податоци за едно наше старо
македонско училиште овде од Австралија, поточно училиштето беше
формирано за децата македонци од Квинбијан и Канбера.
Со заедничка еднострана одлука, училиштето го доби името на нашиот револуционер Гоце Делчев.
Основањето на училиштето беше во Февруари во далечната 1975 год.
и се смета дека е меѓу првото македонско училиште формирано на овие
простори. Отварањето на ова школо го означуваше опстојувањето на
македонскиот народ овде во Австралија, со единствена цел за зачувување и
негување на својот мајчин јазик и за развојот на македонската писменост и
култура помеѓу младите македонски деца во Австралија.
Со отворањето на училиштето за првпат македонските деца можеa да го изучуват македонскиот јазик. Ефективно со работа училиштето започна со настава од средината на Февруари истата година. Иницијативата и упорноста за да се отвори училиштето
овде во Квинбијан, беше на нас неколку луѓе, рече: г-нот Љубе Костевски кои
сакавме да им помогнеме на нашите македонски деца, покрај Англискиот јазик,
да го знаат и македонскиот јазик со читање и пишување.
Основач и Директор на училиштето г-нот Љубе Костевски
Всушност, најголема заслуга во тоа време за училиштето да профункционира, беше (таканаречена) училишна Управа, членови изберени од народот во далечната 1975 година, а која ја сочинуваа следните лица:
1. Основач и Директор на училиштето г-нот Љубе Костевски
2. Секретар и воедно учител, свештеникот Наум Деспотоски
3. Претседател и воедно учител, г-нот Цветко Цаневски и
4. Благајник, г-нот Стојан Велински.
Но, секако за да проработи училиштето, беа потребни и материјали кои беа
неминовни за започнување на наставата. Затоа, ќе спомнеме дека при крајот
на 1974 година, во посета овде во Австралија беше дојдена делегација на
Матицата на иселениците од Македонија, кои меѓу другите беше и тогашниот
секретар на матицата г-нот Трајан Бафтирски од с.Слатино-Дебарца.
Во разговорот со него ја кажавме и нашата иницијатива за отварање на
македонско училиште овде во Австралија. Секретарот г-нот Трајан ја поздрави
идејата и се заложи дека ќе ни испрати преку Југословенската Амбасада 80
книги за потребната настава и тоа материјали од прво до четврто одделение. И
така се случи, ни беа испратени според договореното потребните материјалите
за започнување на наставата. По добивањето на книгите, истите беа поделени
на децата во училиштето Гоце Делчев тука во Квинбијан.
На час по македонски јазик во Квинбијан во 70сетите години
Училиштето профункционира и започна да работи со полна пареа. Имавме прекрасни
услови во тоа време благодарение на црквата „Св.пророк Илија“ од Квинбијан
кои ни отстапија просторија за да можеме да ги сместиме учениците кои за
почеток беа над 50 македонски деца од Квинбијан и Канбера.
Бевме сите задоволни и ние, и родителите на децата, затоа што желбата се оствари и
децата веќе го изучуваа македонскиот јазик. Зборовите изговорени на нашиот
мајчин јазик, допираа до секое македонско срце. Нашите срца беа преполни со
радост кога слушавме како почнуват да зборуват нашите деца на македонски, а
за тоа има добра причина, затоа што Македонскиот јазик е срцето на секој еденмакедонец.- „Изучувањето на македонскиот јазик е значајно бидејќи со него ја
изучувате и нашата литература, нашата богата култура и историја.
Го изучувате јазикот на народот чии корени се длабоко во светската цивилизација,
нагласи на првиот училишен час директорот Љубе Костевски“.
Наставата започна, интересот беше многу голем, училиштето функционираше
многу добро, но како минуваше времето, на родителите на децата од Канбера
им беше се потешко на секое да ги носат на часови тука во Квинбијан, затоа
што им беше далеку, па со договор на тогашниот претседател на црквата
„Св.Климент Охридски“ во Канбера, г-нот Симон Танески, нивните деца, после
15 години членување во нашето училиште Гоце Делчев, ги сместија во едно од
државните училишта во Нарабанда АСТ во Канбера, всушност со договор на
директорот им беше отстапена една празна училница од тоа школо.
Нашите деца тогаш останаа околу 25 на број, но наставата си продолжи и сè беше
добро. Интересно е да се спомне дека тогаш покрај нашите македонски деца,
тие донесоа од нивното редовно училиште другарчиња од други нации кои
сакаа исто така да го изучуват покрај нивниот Англиски јазик и македонскиот.
Денес од тие генерации кои беа наши ученици, македонскиот јазик го зборуваат
чисто литературно иако некој од нив сега се станати дедовци и баби, но јазикот
македонски им остана во аманет од нивните родители, познавајќи си ги своите
корени. Посакуваме иницијативата да се продолжува и во повеќе места во
Австралија, за да идните генерации не останат осакатени како македонци, да
не знаат да го зборуват својот мајчин јазик.
Со почит:
Љубе Костевски -Поранешен Директор