2.9 C
Ohrid
среда, декември 18, 2024
ПочетнаАвстралијаАвстралиско Македонската Добротворна Организација, започна нов проект- Да им се помогне на...

Австралиско Македонската Добротворна Организација, започна нов проект- Да им се помогне на старите лица кои се сместени во домовите за нега и болниците..

spot_img

Австралиско Македонската Добротворна Организација за Добробит НЈВ, во својот проект за волонтери финансиран од Владата на НЈВ – оддел за заедниците и правда (Department of Communities and Justice -DCJ), сака да ги вклучи волонтерите од заедницата, како и членовите на заедницата кои сакаат да станат волонтери, за да им се овозможи помош и пддршка на оние во потреба, посебно на постарите лица и лицата со онеспособеност кои се сместени во домовите за нега и болниците, или се чувствуваат осамено и изолирано во нивните домови во областите на Bankstown Canterbury, Fairfield, Liverpool, Bayside и Georges River.

Во ова издание ќе зборуваме за Волонтирањето и неговата моќ! со цел луѓето кои би сакале да волонтираат и со тоа да помогнат на членовите на македонската заедница во областа на Југоисточниот и Југозападниот дел на Sydney да се запознаат со вредностите на доброволната работа.

Во текот на животот луѓето се соочуваат со многу обврски, па се случува да не можат да посветат време на волонтирањето. Но, доброволната работа е многу корисна не само за волонтерот туку и за неговото семејство и заедницата.

Зошто е добро да се стане волонтер?

Волонтирањето или доброволната работа нуди витална помош на луѓето кои се во тешка состојба (болест, осаменост), при неочекувани случки за кои вреди да потрошиме време (земјотреси, поплави, пожари) и на заедницата во целост. Но, помагањето на другите има уште поголема корист и задоволство за самите волонтери.

Доколку се пронајде доброволна работа која му одговара на волонтерот, таа може да му помогне во намалување на личниот стрес, да пронајде пријатели, да се пројанајде себеси во заедницата, да научи нови вештини и дури да напредува во својата кариера. Помагањето на другите преку волонтирањето, може, истотака, да го подобри менталното и физичко здравје.

Иако испитувањата покажале дека доколку подолготрајно волонтирате користа ќе биде поголема, сепак волонтирањето не мора да биде долготрајна обврска или да ви земе голем дел од вашето време. Доволно е да посветите кратко време на оваа…

хумана работа која може да помогне на оние на кои им е потребна помош и да го подобрите вашето здравје и да станете посреќни.

Во продолжение, ќе се осврнеме подетално на некои од бенифициите кои ги носи волонтирањето.

Волонтирањето ве поврзува со другите

ü Волонтирањето ви овозможува да се поврзете со заедницата и да ја направите подобро место за живеење.

ü Помагањето дури и со најмал труд може да направи голема разлика во животите на другите луѓе, животните или организациите на кои им е потребна вашата помош.

ü Одвојувањето од своето време за да бидете волонтер ќе ви помогне да сретнете нови луѓе, да создадете нови пријателства, да ја зголемите поврзаноста со другите луѓе и да ви ги подобри вашите социјални вештини.

Волонтирањето е добро за вашето ментално и физичко здравје

ü Волонтирањето, преку помагањето и корисната работа со другите, помага да се победат ефектите од стресот, лутината или нервозата.

ü Волонтирањетое начин за да се победи депресивноста. Со тоа што се наоѓате во постојан контакт со другите ви помага да создадете добар систем за поддршка, а тоа ви се враќа на позитивен начин – со лична заштита од депресијата.

ü Волонтирањето ве прави среќни. Со мерењето на хормоните и активноста на мозокот, научниците докажале дека помагањето на другите носи неизмерно чувство на задоволство. Како луѓе во себе ја носиме потребата да помагаме на другите, така што повеќе даваме/помагаме, се чуствуваме посреќни.

ü Со волонтирањето добивате природно чуство на исполнетост и чуство на горделивост и идентитет. Со тоа го зголемувате чуството на самодоверба.

ü Повозрасните луѓе, посебно оние кои се пензионирале или го изгубиле животниот сопатник, со тоа што ќе помагаат на другите, можат да најдат нов смисол и насока во животот, или тоа ќе им ги оттргне мислите од сопствените грижи.

ü Волонтирањето ви помага да останете во добро физичко здравје. Испитувањата покажале деко оние кои волонтираат имаат пониска стапка на смртност од оние кои никогаш не волонтирале. Истотака, постарите волонтери обично се движат повеќе, имаат помала веројатност да добијат висок крвен притисок, и го подобруваат размислувањето.
Волонтирањето може да користи на вашата кариера

ü Помладите луѓе кои сакаат да ја сменат кариерата, волонтирањето може да им помогне да добијат искуство во нивната област од интерес и да сретнат нови луѓе во таа област.

ü Волонтирањето може да ве научи нови важни вештини во работата. Ако сте волонтер тоа не значи дека неплатената работа ќе ви овозможи вештини кои се многу основни. Некои од волонтерите поминуваат низ тренинг кој ќе им помогне во понатамошната кариера.

Волонтирањето не треба да ви го одземе вашиот живот. Вие давате дел од вашето ценето време и затоа е многу важно да уживате и имате корист од вашето волонтирање. Најдоброто искуство како волонтер е волонтирањето да биде корисно и за волонтерот и за организацијата/заедницата.

Доколку имате желба да станете волонтер и сакате да бидете дел од овој хуман проект за да си помогнете себеси и на членовите на македонската заедница и пошироко, на кои им треба помош, обратете се на вработените Австралиско Македонската Добротворна Организација за Добробит НЈВ на телефонскиот број (02) 8591 1431.

Лихнида Бахчанџиева – Тасеска

Project Officer

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Газда од Србија им купил нови автомобили на работниците со најдолг стаж

Милисав Новичиќ, основач и сопственик на фирмата „Унипромет“ од Чачак, која вработува 660 луѓе, решил да ги „почести“ работниците со најдолг стаж и им...

Патници се тепале сред лет, авионот итно слетал во Бугарија

Авионот на компанијата „Jet3“ кој потлетал во Анталија со крајна дестинација Лидс, Англија, бил принуден да слета во Бугарија, со цел да се справи...

И лидерот на ДУИ Али Ахмети, моментално е во Косово.

Лидерот на ДУИ Али Ахмети е во Косово. Во објава на социјалните мрежи поставена е слика од Ахмети и генералниот секретар на ДУИ Фатон...

ЛЕВИЦА: СЕМЕЈНИ КЛАНОВИ ОДЗЕМААТ ДЕТСКИ ЖИВОТИ ВО МАКЕДОНИЈА

СЕМЕЈНИ КЛАНОВИ ОДЗЕМААТ ДЕТСКИ ЖИВОТИ ВО МАКЕДОНИЈА Клиниката за педијатрија е претворена во семеен клан, каде приоритетите се лични интереси, а не здравјето на децата....