16.9 C
Ohrid
вторник, јули 22, 2025
ПочетнаАвстралија28 матурска вечер на учениците што го изучуваа македонскиот јазик во Викторија:...

28 матурска вечер на учениците што го изучуваа македонскиот јазик во Викторија: ДA ГО ЗАЧУВАМЕ МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Во петокот, на 6 декември, во просториите на прекрасната рецепција Шелдон се одржа овогодишната матурска вечер на учениците кои го изучуваат македонскиот јазик во редовните и саботните училишта во Викторија. За жал, оваа година во Викторија матурираа само 12 ученици, сите од саботните училишта од кои тројца не беа во можност да присуствуаат на свечената прослава.
Водител на вечерта беше поранесната ученичка и матурантка од саботното училиште во Кило Даунс, Ана Цаковска.
Присутните најпрво ги поздрави новоизбраната претседателка на Здружението на учителите, Јованка Смилевска, која апелира до сите поединци и организации во Викторија да ги остават настрана своите определби и лични ставови, да се соединат и да го поддржат изучувањето на мајчиниот јазик, со што на најдобар начин ќе го покажат својот патриотизам и љубов кон Македонија.
Потоа со краток говор вицеконзулот при македонскиот конзулат од Мелбурн г-нот Гоце Пејовски ги поздрави присутните и ја честита матурата на матурантите.
Специјален гостин на вечерта беше најмладата градоначалничка во Австралија на општина Витлси од македонско потекло, Емилија Лиса Стерјова. Таа рече дека посебно е среќна што присустува на оваа матурска вечер затоа што и таа самата била матурантка по македонски јазик пред 6 години. Нејзиното присуство и говор ги охрабри младите матуранти да веруваат во себе во своите соништа и желби храбро да чекорат по патот на успехот.
Оваа година матурантите излегуваа придружувани од специјални гости, најмладите членови на малата група на КУД Јане Сандански, со што се симболизираше заминувањето на едни ученици и доаѓањето на други.
Матурантите и младите дечиња беа наградени со по една книга- подарок од сопствениците на Шелдон рецепцијата, Иван и Лидија Нешковски.
Оваа свечена матурска вечер со своето присуство ја поддржаа и Розета Стојковска- QC, Ромео Георгиев – претседател на КУД “Јане Сандански”, Пеце Настевски – претседател на ФК Килор Волци, Калина Димовска – претседател на КУД “Бисер”од Џилонг, Зоран Димовски – потпретседател на МАСО, Лидија Нешковска – претседател на МАСО.
Присутните ги забавуваше групата “Македонија”.
Пораката на вечерта беше многу јасна: Битието на еден народ е јазикот. Односот кон него, неговото негување, развивање, промовирање е основниот начин за одбрана на македонскот идентитетот. УЧЕТЕ МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК!
Уписите за следната учебна година се отворени, за запишување на нови ученици одете на интернет страната: www.vsl.vic.edu.au
Весна Дамчевска

<

Извор australianmacedonian.com.au/mk  Австралиско Македонски Неделник

 

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Трагедија во Албанија: Македонски државјанин се удави на плажа кај Драч!

Во близина на албанскиот град Драч, на плажата кај Каваја, попладнево трагично животот го загуби 66-годишен македонски државјанин. Како што информира албанската полиција, несреќата се...

Од ДУИ велат дека за локалните избори имаат сигурна победа.

Денес, Претседателот на Демократската унија за интеграција, г‑дин Али Ахмети, свика редовна седница на Централното Претседателство, на која се разгледаа актуелните политички случувања во...

Бујар Османи е кандидат на ДУИ за градоначалник во Чаир

Поранешниот министер за надворешни работи и портпарол на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Бујар Османи, ќе биде кандидат за градоначалник на скопската општина Чаир,...

Ресорт Бате Боле слави 1 година постоење со голема роденденска забава

Првиот роденден на Resort Bate Bole е повод за голема прослава — и вие сте поканети! На 26 јули, со почеток во 21:00 часот, ве...