17.3 C
Ohrid
четврток, јуни 5, 2025
ПочетнаАвстралијаМакедониците низ светотСемакедонски собир во чест на легендарниот македонски војвода Јане Сандански во Мелник

Семакедонски собир во чест на легендарниот македонски војвода Јане Сандански во Мелник

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

На 21 април 2019 година во градот Мелник, Пиринска Македонија се одржа традиционалниот свечен семакедонски собир посветен на 104 годишнината од убиството на „Царот на Пиринот“, легендарниот македонски војвода Јане Сандански. Собирот се организира од следните македонски организации во Бугарија: партијата ОМО „Илинден“-Пирин, весник „Народна волја“, Друштвото на репресираните Македонци во Бугарија жртви на комунистичкиот терор, билтен „Македонски глас“, Македонски клуб за етничка толерантност, Правозаштитен комитет толерантност и други, а основни коорганизатори од дијаспората се Македонското меѓународно движење за човекови права од Канада и Австралиско-македонскиот комитет за човекови права.

<

Дојдоа луѓе од цела Пиринска Македонија, од Бугарија и наспроти изборите во татковината Македонија дојдоа гости од Прилеп, Штип, Радовиш и др. Поздравни телеграми до собирот испратија „Виножито“, Македонската алијанса за европска интеграција – Албанија, Здруженијата на македонците од егејскиот дел на Македонија, Светскиот македонски конгрес. 

Соборит беше отворен со рецитал од Бојан Бибишков и со изведување химната на ОМО „Илинден“ – Пирин „Народе македонски“. Говор за животот, делото и заветите на Јане Сандански одржа Димитар Иванов од Централниот совет на ОМО „Илинден“-Пирин, кој изјави дека со своето собирање во чест на Јане Македонците денес пак им удираат гласна шлаканица на сите свои негатори. Со поставување венци и цвеќиња пред споменикот на Јане Сандански во Мелник, едноминутен молк и паѓање на колена беше почестен споменот на војводата. Подоцна специјална делегација од раководството на ОМО „Илинден“-ПИРИ поднесе венец и на гробот на војводата кај Роженскиот манастир.

За гостите пееше македонската пејачка Марија Димкова от Штип, мешана фолклорна група „Пирински глас“ од Разлог и оркестар „Македонија“ од село Мусомишта Гоцеделчевско со раководител Георги Попов. Орото го поведе со бајракот со шеснаесет кракото сонце првиот претседат на ОМО „Илинден“ Стојан Георгиев, страдалец за македонските правдини, кој 8 години од својот живот ги поминал низ бугарските затвори. На ливадите крај споменикот на Сандански ората се виеја со часови.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Данела до Елмази: Ќе ти објаснам уште еднаш ама читање до 4 одделение се учи

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, му одговори на Мухамед Елмази од Влен, дека Градот нема надлежност во Сарај. Мухамед Елмази бидејќи се закануваш, ајде...

Млад Србин херојски го спасил животот на Македонец на Олимпик бич во Грција

На познатата грчка плажа Олимпик бич се случи херојска спасувачка акција кога млад Србин навремено реагираше и го спаси животот на постар Македонец што...

Не чувствувам одговорност за трагедијата во Кочани, вели министерот и ексдиректор на ДЗС, Шабан Салиу

Верувам во нашата држава, верувам во институциите на системот, верувам во правосудните органи дека правилно ќе ги согледаат аргументите и сите останати, да кажам,...

Полицаец повреден откако возач му ја прегази ногата за време на контрола

На 04.06.2025 околу 20.05 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосницта од бул.„Илинден“ со ул.„Бледски договор“ во Скопје, патничко возило „мерцедес“ со...