-4.1 C
Ohrid
понеделник, ноември 25, 2024
ПочетнаАвстралијаПрилепчанка во Сиднеј изработи 120 крстови,со парите од продажбата им помогна на...

Прилепчанка во Сиднеј изработи 120 крстови,со парите од продажбата им помогна на 130 семејства,деца и стари лица

Благодарение на Билјана Јуруковски и незините пријателки волонтери оваа Нова Година и Божик, пакетчиња ќе добијат 120 лица во Старскиот дом Киро Крстески -Платник  во Прилеп.  Домашни производи од Витаминка ќе добијат  20 деца од Центарот за церебрална парализа. Останатите средства ќе бидат за 130 социјално загрозени семејства кои ќе бидат дистрибуирани преку црквата Свето Благовештение во вид на  прехранбени артикли по избор на Билјана .

Чувството е восхитувачко кога ќе видиш насмевка на лицето, животот нема да му го промениш, на лужето меѓутоа сепак тоа е изненадување. Хуманите вредности сите треба да ги негуваме. Тоа е прекрасно вели Билјана.

Многу од крстовите ги купија Македонци родени во Австралија. Тоа беше изненадувачко. Но, купуваа и луѓе од Индонезија, Либан, Јужна Африка, дури и Грци. Оделував секој ден по 2-3 часа навечер за изработка, откако ќе ги завршев работните и семејните обврски – вели Билјана Миленкоска Јуруковски.

Со продажбата на крст за 1000 долари кој го купи прилепски бизнисмен рубин Стојчески  кој живее и работи во Австралија сумата денес достигна до 7000 долари. Продажбата тече уште а на крајот од целата приказна стојат оние на кој име потребно барем малку да почуствуваат од новогодиншната атмосфера

Неа и помагаа и незините пријателки Маре Макешоска, Ане Трајковска, Ица Тутеска , Гордана Ставроска, Ели Стојаноска, Сенада Зекировска и Лезета Зекировска   кои неуморно работеа да направат што повеќе крстови  за да се соберат што повеќе средства. Се приклучија и македонките од регионот Илавара посебно , Мери Ангелккоска , Емилија Жупаноска , Татјана Нешкоска и други.

За креативност и уметност ме бидува ама за продажба не затоа сум благодарна на моите пријателки кои многу ми помогнаа.

Во Македонија и  помага татко и  Целе, за кого вели дека и е десна рака. Вели дека старите и децата се радуваат подеднакво.

Преку хуманитарната организација на МПЦ, Свети Спас,и отец Оливер Петровски подели прехранбени производи на 350 загрозени семејства.

Пред еден месец Билјана исто така собра над 3000 евра и од продажбата на нејзините уметнички фотографии. Некои од овие дела ги красат светски познати центри.

Екипата од Сиднеј -Сенада Зекировска, Билјана Јуруковска, Ели Стојаноска, Лезета Зекировска , Ане Трајковска и Маре Макешоска

Екипата од Илавара

Билјана и Ели Стојаноска

Билјана и Ица Тутеска

 

Крстовите кои се продаваат за хуманитарни цели

 

Билјана Јуруковска

 

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

После долги години се врати и Елвир Мекиќ- Заедно со Охриѓанецот Пајак направија вистински музички хит.

Младиот и супер талентиран музичар од Охрид, 23-годишниот Христијан Настески- Пајак, заедно со Елвир Мекиќ ја објави новата песна „Накаде после два“. Елвир беше еден...

Пронајден е исчезнатиот Виктор Николиќ од Младо Нагоричане

Виктор Николиќ (41) од кумановско Младо Нагоричане кој во петокот беше пријавен како исчезнат е пронајден жив и здрав, во атарот на Пармакови ниви.

Почина Борјанчо Мицевски, поранешен градоначалник на Крива Паланка

На 53 годишна возраст почина Борјанчо Мицевски, градоначалник на Крива Паланка во периодот од 2017 до 2021 година. Оваа жална вест ја соопшти поранешниот МВР...

Автопатот Кичево Охрид ќе се прави и во зима !!!

Денес заедно со министерот за транспорт Aлександар Николски,градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков и пратеници во сообранието на Република Македонија извршивме увид во градежните...