Една калуѓерка во Италија се породила откако отишла во болница поради болки во стомакот.
Пренесена е во болница во Сан Северино Марче, во централна Италија, каде со ултразвук е откриено дека е бремена.
Калуѓерката итно била пренесена во породилното одделение, каде и пукнал водењакот и се породила.
Бебето е здраво, а грижата за него најверојатно ќе го преземат калуѓерките од манастирот, пишува „Индипендент“.
Калуѓерката не знаела дека е бремена. Таа во манастирот пристигнала во јуни и се претпоставува дека уште тогаш била бремена.