Програмата на Македонски јазик која се емитува на радиото на 2 ХХФМ и водителката Сузана Митева неодамна беа избрани за најдобра програма и најдобар радио водител за 2021. Наградата по повод божикните празници ја додели министерката за култура г-ѓа Рејчел Стивенс.
Ова награда за мене и за Македонската заедница претставува голема гордост .Навистина е голема чест да бидеш избран покрај толку други наци, на овие простори -Изјави за Шило водителката Сузана Митева.
Програмата на македонски јазик оваа година одбележува 53 години од кога за прв пат прозвучи македонскиот јазик во етерот на радиото. Радио програмата се слуша на подрачјето на Канбера Квинбијан и Австралиската Капитална Територија
Сузана потекнува од Струмица а во Австралија пристигнала во 1996 година .Во струмица работела како радиоводител па од самото пристигнување одлучила да продолжи па од тогаш па наваму таа е препознатлив глас во етерот на македонската радио програма а препознатливо лице во македонската заедница
Секоја чест и многу успех понатаму