-0.1 C
Ohrid
среда, декември 18, 2024
ПочетнаАвстралијаМакедонски Филмови на 66 тиот Филмски Фестивал - Сиднеј

Македонски Филмови на 66 тиот Филмски Фестивал – Сиднеј

spot_img

На овогодинешниот филмски фестивал во Сиднеј Австралиската публика ќе има можност да го проследи т Македонскиот документарец „Медена земја“ на режисерите Љубомир Стефанов и Тамара Котевска

„Медена земја“ е филм за Атиџе, последната жена-одгледувач на диви пчели во Европа, која живее сама со својата мајка во централна Македонија. Главна идеја на филмот е да се прикаже припадноста на човекот кон природата и нарушување на природната рамнотежа преку судир на два различни начина на искористување на природните ресурси. Продукцијата е на „Аполо медија“ на Стефанов и „Трајс филмс“ на Атанас Георгиев. Музиката во филмот е на „Фолтин“.

Медена земја

Македонскиот филм „Господ постои, името ѝ е Петрунија“ во режија на Теона Стругар Митревска и во главна улога на Зорица Нушева.

Овој филм е работен врз вистинска случка во Штип и извонредно ја пренесува приказната за храброста на една невработена жена да се спотивстави на воспоставени и затемелени структури на стереотипите и патријархатот. Надминувајќи ја сопствената отуѓеност таа ја осознава својата моќ да ја обознови солидарноста во борбата против неправдата. Петрунија (Зорица Нушева) на религиозниот празник Водици решава да се фрли по крстот во ладните води. Но кога успева да го фати, почнуваат и нејзините проблеми затоа што е жена.

Инаку филмот е прикажан на повеќе филмски фестивали во Русија, Украина, Франција, Германија и е наградуван повеќе пати. На еден филмски фестивал во Германија кој е посветен на женски автори ја доби главната награда; на филмскиот фестивал во Тирана беше прогласен за најдобар филм и награда за најдобра женска улога доби Зорица Нушева; на престижниот филмски фестивалот во Берлин освои две награди Ecumenical Award и Guild Film Prize и доби позитивни критики што овозможи полесно дистрибутирање во светот, а еве сега и прикажување во Сиднеј.

На фестивалот во Сиднеј и после секоја проекција ќе биде присутна и режисерот Теона Стругар Митревска која ќе има свое обраќање пред сиднејската публика.

За повеке информации посетете

https://www.sff.org.au/program/browse/god-exists-her-name-is-petrunya

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Двајца тетовчани го претепале шоферот на пајак службата.

На 17.12.2024 во 14.00 часот во СВР Тетово, С.Ј. (23) од Тетово пријавил дека околу 17.00 часот на работното место во пајак возило на...

Ковачевски, чист како солза: Секогаш работев во согласност со законите

Поранешниот премиер, а сега пратеник во Собранието, Димитар Ковачевски изјави дека во целото негово работење и како премиер и како заменик-министер за финансии, се...

Адвокатот на Бајрами: Клиентот мој не е избеган, само не е во Македонија.

Адвокатот Антонио ќе го застапува поранешниот директор на Државна лотарија Перпарим Бајрами во случајот за кој тој заедно со поранешниот вицепремиер Артан Груби и...

Со писмо 30 доктори од болницата Козле бараат разрешување на директорката, Каролина Симоновска

30 доктори од болницата Козле бараат итно разрешување на директорката на болницата, Каролина Симоновска. Преку писмо се обратија до јавноста наведувајќи сериозни проблеми во...