15.9 C
Ohrid
недела, април 28, 2024
ПочетнаАвстралијаМакедониците низ светотМакедонците од Бугарија бараат татковината Македонија да реагира до Софија по квалификациите...

Македонците од Бугарија бараат татковината Македонија да реагира до Софија по квалификациите на Советот на Европа

spot_imgspot_img

Во последниот извештај на мониторинг комисијата на Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ) во рамките на пост-мониторинг дијалогот со Бугарија, констатирано е дека во Бугарија има расизам и дискриминација во однос на македонското малцинство во оваа земја. Здруженијата на Македонците од Бугарија за ова бараат реакција од македонските власти во рамките на Договорот за добрососедство и пријателство меѓу двете земји.

Еве што меѓу другото пишува во овој извештај: „Во политичкиот дискурс пости расистички и нетолерантен говор на омраза насочен кон Ромите, муслиманите, Евреите, Турците и Македонците. Ова продолжува да биде сериозен проблем во Бугарија. Бугарските власти треба да направат сериозни напори за систематски и безусловно осудување на говорот на омраза, вклучително и следењето на препораките од последниот извештај на Европската комисија против расизам и нетолеранција (ЕКРИ) за Бугарија…

…Загрижува и односот кон македонското малцинство, кое не е признато од бугарските власти поради строгата примена на формалните критериуми, иако оваа група постојано ја изразува потребата од заштита според Рамковната конвенција. Како резултат на тоа, во Комисијата за малцинства нема македонски претставник. Македонците не се вклучени во програмите што се однесуваат на етничките заедници и не добиваат каква било помош од државата за зачувување и развој на нивната култура и идентитет. Во училиштата не се изучува  македонскиот јазик или историја. Не е регистрирана ниту една македонска организација или партија. Нашите соговорници тврдеа дека има дискриминација против членовите на нивната заедница”.

Македонците од Бугарија бараат реакција од македонската влада и прашуваат дали однесувањето на Бугарија е во духот на добрососедските односи. Дали политиката на Бугарија спрема македонското малцинство е во согласност со европските и меѓународните стандарди за заштита на човековите и малцинските права, прашуваат Македонците од Бугарија.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

„Вејце ниту се простува, ниту се заборава“ – Македонците паметат! Горат социјалните мрежи на годишнината од крвавиот масакр

Социјалните мрежи се преплавени со објави по повод 23-годишнината од масакрот кај Вејце, откако од заседа и ѕверски биле убиени, а потоа масакрирани и...

Ахмети: Ништо нема да ѝ се случи на земјата, ако ги ставиме Бугарите во Уставот!

Ние мора да ги решиме проблемите со соседните земји. Ништо нема да ѝ се случи на земјата, ако ги ставиме Бугарите во Уставот. Охридскиот...

23 години од масакрот кај Вејце кога беа ѕверски убиени, а потоа запалени 8 македонски херои

Денеска се одбележуваат 23 години од масакрот кај Вејце — најкрвав и најбрутален масакр во поновата историја на Македонија. Масакрот се случи на денешен ден,...

Во тек се завршните активности од реконструкцијата на улицата 7-ми Ноември во Охрид.

Во тек се завршните активности од реконструкцијата на улицата 7. Ноември. Таму се поставува слој асфалт, додека претходно се постави нова канализациона мрежа, осветлување...