11.2 C
Ohrid
среда, март 12, 2025
ПочетнаСветУкраина бара Русија да биде исклучена од интернет, што е опасен преседан

Украина бара Русија да биде исклучена од интернет, што е опасен преседан

spot_img

Украинската влада за време на викендот вршеше притисок врз главните технолошки платформи да го преиспитаат своето работење со Русија, што беше прилично успешно.

<

Компаниите на социјалните мрежи го намалија дометот на руските медиуми кои ги поддржува државата, додека Епл, на пример, престана да ги продава своите производи и ограничи дел од услугите во Русија. Но, Украина сега се обидува да направи нешто подраматично и нешто што би имало поголеми последици.

Украинската влада во понеделникот побара Русија да биде исклучена од глобалниот интернет. Испрати писмо до ИЦАНН, меѓународната непрофитна организација со седиште во САД, која го надгледува глобалниот систем на интернет домени и ИП адреси.

„Ви го испраќам ова писмо во име на украинскиот народ, барајќи од вас да се позанимавате со итната потреба за воведување строги санкции против Руската Федерација во областа на ДНС регулацијата (системот на имиња на домени), како одговор на нејзината агресија кон Украина и нејзините граѓани“, напиша Андриј Набок, украинскиот претставник во владиниот советодавен одбор на ИЦАНН.

Експертите за управување со интернет велат дека украинското барање, ако се уважи, ефикасно би ја одвоило Русија од глобалниот интернет, оставајќи ги руските интернет страници без дом. Би престанала да работи електронската пошта, односно корисниците не би можеле да пристапат до неа. Русија одеднаш би се нашла на дигитален остров, одвоена од остатокот на светот.

Но, истите експерти се скептични околу прашањето за исполнување на украинското барање. Прво, според нив, тоа би претставувало опасен преседан кој на авторитарните земји би можел да им даде дозвола за поставување слични барања. Од друга страна, не е јасно дали ИЦАНН би можел да донесе таква одлука дури и кога би сакале.

Освен тоа, според експертите, одвојувањето на Русија од остатокот на дигиталниот свет би му го дало на Кремљ токму она што го сака, а тоа е население без пристап до надворешни информации. Владите како кинеската настојуваат да ги оградат своите луѓе од надворешниот дигитален свет. Но украинското барање е без преседан, вели Винт Серф, кој се смета за еден од татковците на интернетот.

„Ова е првпат колку што јас се сеќавам влада од ИЦАНН да побара на некоја земја да ѝ ја попречи нормалната работа на системот на називи на домени во таков размер“, кажа Серф за Си-ен-ен.

„Интернетот дејствува во голема мера поради значителното ниво на доверба меѓу многуте компоненти во неговиот екосистем“, додаде Серф. „Постапувањето по ова барање би имало значителни негативни последици во многу аспекти“.

Mkd.Mk

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Судот пресече: Капушевски во ,,Шутка”, Јахоски во куќен притвор

Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на Основно јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција за определуваме...

Деребан: Оддадовме почит и положивме цвеќе пред Споменикот на 7144 депортирани македонски Евреи.

Оддадовме почит и положивме цвеќе пред Споменикот на 7144 депортирани македонски Евреи. И по 82 година, не смее да се заборави холокаустот на Евреите...

По цели две децении, конечно во охридската општа болница се набавени нови хируршки инструменти.

По цели две децении, конечно во охридската општа болница се набавени нови хируршки инструменти.До сега хирурзите, гинеколозите и уролозитеработеле со стари и дотраени инстументи...

Малолетник со воздушна пушка убил куче во село Муртино

Здружението „Анимал Лаверс“ - Струмица со огромна загриженост ја информира јавноста за свирепото убиство на кучето Рекс, кое беше застрелано со огнено оружје во...