31.9 C
Ohrid
среда, јули 23, 2025
ПочетнаАвстралијаСиднеј- Свечена Академија повод св браќа Кирил и Методиј

Сиднеј- Свечена Академија повод св браќа Кирил и Методиј

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Во Неделата на 28 мај македонскиот просветно-училишен одбор со свечена академија го одбележа Денот на просветителите, светите браќа Кирил и Методиј пред стотина ученици, наставници, родители и гости во истоимениот црковен храм Свети Кирил и Методиј во Розбери,Сиднеј.
На свечената церемонија присуствуваа професорите од сите училишта по македонски јазик ученици, родители, високи претставници од државните тела за јазиците на заедниците како и министерот во сенка за мултикултурализам и пратеник г-н Марк Кјури .

<


Програмата ја водеше професорката по македонски јазик г-ѓа Славица Ристевска од средното училиште во Когара .
Свечената академија по повод светите Браќа Кирил и Методиј на македонски и на англиски јазик ја прочита претседателката на просветно училишниот одбор г-ѓа Жаклина Михајлова .


Учениците се претставија со приредба сотавена од рецитали песнички и поеми.
Имаше награди за најдобрите ученици, и општествени и правни лица кои ја помагаат работата на советот за зачувување на македонскиот јазик во Австралија
Им честитаме на сите наградени ученици, учители, родители и членови на училишните одбори за нивната посветеност за изучувањето и зачувувањето на македонскиот јазик во Австралија.

 

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

МВР: Да ги заштитиме шумите од пожари“, превентивна активност на РЦГР Исток и ПС Делчево

„Да ги заштитиме шумите од пожари“, превентивна активност на РЦГР Исток и ПС Делчево Полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Исток...

Македонската убавица Хeлена Роза, кандидат за градоначалник.

Хелена Роза, поранешна водителка и сестра на нашата пејачка Ребека, пред десетина години се пресели во Нов Зеланд и започна нов живот со своето...

24 години од убиството на Ѓоко Лазаревски- Херојот кој сам го бранеше Лешок

Пред 24 години, тој го бранеше своето село од припадниците на ОНА. Пред 24 години храбро војуваше за слобода на Лешок и зачувување на...

80 годишен дедо од Македонија пронајден мртов на плажа во Грција.

Осумдесетгодишен маж бил пронајден во несвест вчера попладне на плажата Каријани во општина Паџао. Според крајбрежната стража, на осумдесетгодишникот кој бил државјанин на Македонија...