4.9 C
Ohrid
недела, април 28, 2024
ПочетнаМакедонијаСообраќајот кај Љубаништа сѐ уште се одвива наизменично

Сообраќајот кај Љубаништа сѐ уште се одвива наизменично

spot_imgspot_img

Сообраќајот на регионалниот пат Охрид-Свети Наум кај селото Љубаниште сѐ уште се одвива со наизменично пропуштање на возилата, соопшти денеска Авто мото сојузот на Македонија (АМСМ). Синоќа овој дел го зафати невреме со дожд и град кое предизвика свлечиште на овој патен правец.
Раководителот на Регионалниот центар за управување со кризи Митко Темелкоски вчера посочи дека лизгањето на земјиштето настанало од краткото невреме со интензивни врнежи од дожд, кои нанеле големи количини земја и камења.

„Поради голема количина вода во кратко време, излеани се земја и поситни камења на патот“, изјави вчера Темелкоски.

Силно невреме со дожд и град синоќа предизвика свлечиште на регионалниот пат Охрид – Свети Наум, кај селото Љубаништа.

По неколкучасовна интензивна работа наносот од земја на патот Охрид – Св. Наум е расчистен.

Досега, официјално, нема пријавено штета, освен реакции од граѓани за прекин во снабдувањето со електрична енергија.

Фото: Охридњуз

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Во тек се завршните активности од реконструкцијата на улицата 7-ми Ноември во Охрид.

Во тек се завршните активности од реконструкцијата на улицата 7. Ноември. Таму се поставува слој асфалт, додека претходно се постави нова канализациона мрежа, осветлување...

Бектеши: Не влегуваме во влада која нема да ги гарантира уставните измени

Европскиот фронт има договор со албанската опозиција дека нема да влезат во влада која нема да ги гарантира уставните измени, изјави министерот за економија,...

Македонецот Бобан Илиоски е светски шампион во кик-бокс!

Македонецот Бобан Илиоски е светски шампион во кик-бокс! Илиоски, кој ја имаше титулата аматерски светски првак, во тежок меч во Скопје беше подобар од актуелниот...

Тошковски: Поддршка до специјалните единици бидејќи тие се првиот столб на заштитата на безбедноста и суверенитетот на државата

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денес оствари работна посета на Единицата за брзо распоредување и Единицата за обука и поддршка кои се сместени...