13.9 C
Ohrid
петок, ноември 22, 2024
ПочетнаМакедонијаОва e пиштолот со кој е убиен Скопјанецот Оки, во Ханиоти- Полицијата...

Ова e пиштолот со кој е убиен Скопјанецот Оки, во Ханиоти- Полицијата во Грција го откри и убиецот.

Осомничен кој е во противор за двојното убиство што се случи минатата година во март во „Шиша бар“ во старата скопска чаршија, кога беа убиени двајца припадници на криминалната група „Дуќанџик“ е осомничен и за убиството на водачот на истата криминална група Орхан Бајрами Оки кој пак беше убиен во вила во Ханиоти на Халкидики во Грција.

Грчките медиуми пренесуваат соопштение од тамошните истражни органи кое е објавено денеска дека е идентификуван еден од убијците на Оки и дека станува збор за лице на возраст од триесет и три години со иницијали Г.М.

 

Мотивот за кривичното дело е поврзан со ривалството меѓу две криминални групи кои главно се активни во трговија со дрога, се вели во дел од соопштението коешто го пренесуваат грчките медиуми за убиството што се случи летово во јули.

Според иницијалите и со оглед на тоа дека грчките медиуми јавуваат дека осомничениот е веќе во притвор во Скопје, станува збор за лицето кое во август беше уапсено за „Шиша бар“ под сомнение дека учествувал во купопродажбата на автомобилот кој потоа бил користен за двојното убиство и запален.

Дека е идентификуван убиецот на Оки јавуваат и портали на албански јазик според кои Оки го убиле неколку лица со пиштол „застава“.

Полицијата го идентификувала сторителот бидејќи само на околу 300 метри од местото каде што бил егзекутиран бил пројаден пиштол „застава“ со 5 куршуми, пар ракавици и качулка што убиецот ја носел за да не биде идентификувани.

Од лабораториската анализа на овие предмети со методот на ДНК, грчките истражители дошле до заклучок дека Г.Т. е убиецот.

Од Македонското министерство за внатрешни работи засега немаат официјални информации за случајот.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

При ископини пронајдени темели од црква: Јени џамија во Битола ќе претставува Музеј на христијанската и муслиманската култура.

По долги години ископувања и реставрација, повторно e отворена за посетители Јени џамија во центарот на Битола која ќе претставува Музеј на христијанската и...

Приведени пет лица во Тетово – Одземени 450 грама марихуана

Во Тетово на 19.11.2024 околу 18 часот на улица „Ван Вардарска“ полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода Н.С.(23), Л.Р.(23), М.З.(18), С.И.(27)...

Абе дојдете кој сакате: Лидерот на Левица, фрли слушалки кон пратеник и се обиде физички да се пресмета

Малку фалеше да дојде до физичка пресметка помеѓу лидерот на Левица, Димитар Апасиев, со пратениците од ВМРО-ДПМНЕ денеска во Собранието. Апасиев најпрвин влезе во вербална...

Давкова: Ќе се сретнам утре со Шекеринска за да и честитам.

Дозволете, да Ве информирам дека утрово беше остварен телефонски разговор со госпоѓата Радмила Шекеринска-Јанковска. Во разговорот ѝ е упатена покана за средба со цел...