16.9 C
Ohrid
сабота, август 30, 2025
ПочетнаАвстралијаВо организациja на прилепското друштво – Прием за министерот Муцунски во Сиднеј

Во организациja на прилепското друштво – Прием за министерот Муцунски во Сиднеј

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Во рамки на неговата посета Министерот за Надворешни работи ма Македонија Тимчо Муцунски го посети и Сиднеј каде имаше средба со претставници на македонската заедница. Пречекот на министерот беше организиран од Прилепското Социјално друштво Методија Андонов Ченто од Сиднеј во банкетната сала на Спортскиот Клуб Илинден од Рокдајл.
На настанот присуствуваа околу 300 гости , бизнис лидери , лидери на околу 35 македонски организации од Сиднеј Волонгон и Њу Кастл , претставници на македонските медиуми во австралија , претставници на фудбалските клубови како и претставниците на неколку црковни општини од Сиднеј и Волонгонг како и високи гости од политичкиот живот на Австралија.
Приемот започна со оддавање почит кон домородното население . Тоа свечено го направи г-н Кире Зулумовски . Кире по татко е од село Србци Битолско а по мајка е абориџан од нацијата Губи Губи . А веднаш потоа следуваа химните на Р Македонија и на Австралија
Престедателот на прилепското друштво г-н Оливер Димоски ги поздрави присутните и им се заблагодари на сите водачи на македонските друштва и организации за нивниот придонес за зачувување на културата јазикот и идентитетот на овие простори.
Пораката на присутните до министерот беше дека најголемиот дел на македонците кои живеат на овие простори не се согласуваат со преспанскиот договор и едноставно нашата татковина е Македонија а ние Македонци без никакви наметнати придавки и додавки.
Другата порака е дека треба да има олеснување при вадењето на различни документи кои се нужна потреба на сите а процесот мора да биде побрз и поедноставен.
Министерот Муцунски во својот говор ги пофали македонците кои живеат овде како едно јако јадро кое го зачувало својот идентитет , и дека новата влада ќе заложи за подлабоки врски со задницата .
По министерот говор одржа и министерот за надворешни работи на Австралија во сенка и пратеник за Бенкс почесниот Дејвид Колман
Претставници на ФК Илинден му поклонија нивен фудбалски дрес а за возврат тие добија дрес на ФК Вардар . А исто така советниците од општина Бејсајд во име на општината му поклонија мотив од општината а тие добија мотив од галичник за возврат.
После свеченостите гостите и министерот имаа можност да разговараат да разменат мислење и да се фотографираат
Пред свечениот прием министерот присуствуваше на црковната служба во црквата Св Петка во Рокдајл а после тоа го посети и училиштето по македонски јазик во Карлтон .

<

 

 

https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/
spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Невреме и силни бранови го прекинаа 38. Охридски пливачки маратон

Поради лошите временски услови проследени со силен ветар и бранови во 14 часот и 30 минути прекинт е 38. Охридски пливачки маратон. Трката, според судијата...

Ненадејно почина екс директорот на Здравствен дом Скопје, д-р Виктор Исјановски

Ненадејно почина д-р Виктор Исјановски, македонски психијатар и екс директор на Здравствен дом Скопје во периодот од 2021 до 2024 година. Исјановски е роден е...

Откриен Христијански крст стар 1.400 години во Абу Даби

Откриен Христијански крст стар 1.400 години во Абу Даби. Археолозите во Абу Даби пронајдоа редок Христијански крст, стар повеќе од 1.400 години, за време на...

Трамп укинува 3,3 милиони евра помош за ЛГБТ заедницата на Балканот

Претседателот на САД, Доналд Трамп, сака да откаже речиси 4,3 милијарди евра средства за странска помош и мировни мисии одобрени од Конгресот на САД,...