20.3 C
Ohrid
недела, септември 8, 2024
ПочетнаМакедонијаМајката на Пино: „За убијците на мојот син најмалку очекувам доживотен затвор,

Мајката на Пино: „За убијците на мојот син најмалку очекувам доживотен затвор,

„За убијците на мојот син најмалку очекувам доживотен затвор, бидејќи кај нас нема смртна казна. А дел од вработените во полицијата кои останаа глуви на моите апели треба да летаат од работа.“. Со вакви пораки излезе денеска мајката на убиениот Пинета Секондо, по посетата на јавното обвинителство.

„Шест месеци викам Ангела Ангела, проверете ги телефоните..Со кого збори..Тие од потраги, ништо! Немам зборови..(Сега задоволни сте од истрагата?) Апсолутно. Од крвни деликти и убиства, тоа една екипа од четворица дечки, свака им част.“ – вели Маја Трпковска – мајка на Пинета Секондо.

Видно вознемирена, мајката на Пино не успеа да го заврши исказот во обвинителството. За мотивите за убиството на нејзиниот син, не разговарале, а засега единствено логично објаснување и е дека Пино е убиен од љубомора.

„Тие не смеат да излезат никогап затвор и тој другиот кога ќе го фатат, затоа што човечки ум, нарочито од девојка од 22 години, да убие свој другар и шест месеци да нема гајле, да си спие, да си шета, тоа е нечовек тоа е монструм!“ – вели Трпковска.

Пино, по шест месеци од неговото исчезнување, беше пронајден, убиен и закопан во земја во близина на селото Љуботен. Според обвинителство, тој бил застрелан кај Арачиново, а двајцата осомничени заедно го сокриле телото. 22 годишна девојка која е осомничена за соучество веќе е во притвор, но се уште за неа нема обвинение. 27 годишниот маж пак, кој пукал во Пино е во бегство.

spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Весна Петрушевска откри дека има рак на дојката: Прво што ви паѓа на памет е дека вашето време е одбројано…

Актерката Весна Бејби Петрушевска преку вклучување во живо на својот „Инстаграм“ профил истакна дека дијагностициран и е рак. Како што вели, кога тоа ќе се...

Гаши: Албанскиот мора да биде еднаков со македонскиот!

Собранискиот претседател Африм Гаши вели дека албанскиот јазик мора да биде еднаков со македонскиот. Како што вели, ако Уставниот суд правилно ги прочита Законот и...

Таеквондо тренерот Борче Костовски ја доби наградата „8 Септември“ за животно дело во областа на спортот.

Спортскиот работник, тренер и претседател на Таеквондо федерацијата на Македонија, Борче Костовски е добитник на годинашната награда за животно дело „8 Септември“. Најголемиот успех...

Зоки Фаци ја носи Македонија на Мис Универзум во Мексико: Се бара најубавата Македонка!

Оваа година Македонија ќе учествува во престижниот избор за Мис на универзумот („Miss Universe“), со гала вечерта на која ќе се избере македонскиот претставник...