19.4 C
Ohrid
недела, септември 8, 2024
ПочетнаМакедонијаИницијатива – Награда за пожарникарите наместо патни трошоци за пратениците

Иницијатива – Награда за пожарникарите наместо патни трошоци за пратениците

Денеска сите бевме сведоци на голем пожар во зграда во Кисела Вода, каде за среќа со помош на брзата интервенција и покрај старите и делумно исправни противпожарни возила, ситуација беше ставена под контрола а станарите навремено спасени.

На тешко пристапен терен, во стара зграда без обезбеден против пожарен излез и скали, нашите скопски пожарникари ХЕРОИ успешно ги извадија неколкуте деца и станари кои беа заглавени на горниот кат од зградата, и кои поради густиот чад не можеа да ја напуштат.

Најпрво со помош на противпожарни скали тие влегоа во станот над оној што гори и спасија неколку дечиња и ги згрижија на безбедно, а по изгаснувањето извлечено беше и девојче кое пред насобраните станари се појави во пожарникарска облека и маска.

За жал во оваа акција за гаснење на пожарот повреден е и еден од пожарникарите кој веднаш беше пренесен во некоја од скопските болници.

По се што покажаа тие денеска, веруваме дека заслужуваат награда, бидејќи без нивната брза реакција можеше да дојде до многу поголема несреќа.

spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Весна Петрушевска откри дека има рак на дојката: Прво што ви паѓа на памет е дека вашето време е одбројано…

Актерката Весна Бејби Петрушевска преку вклучување во живо на својот „Инстаграм“ профил истакна дека дијагностициран и е рак. Како што вели, кога тоа ќе се...

Гаши: Албанскиот мора да биде еднаков со македонскиот!

Собранискиот претседател Африм Гаши вели дека албанскиот јазик мора да биде еднаков со македонскиот. Како што вели, ако Уставниот суд правилно ги прочита Законот и...

Таеквондо тренерот Борче Костовски ја доби наградата „8 Септември“ за животно дело во областа на спортот.

Спортскиот работник, тренер и претседател на Таеквондо федерацијата на Македонија, Борче Костовски е добитник на годинашната награда за животно дело „8 Септември“. Најголемиот успех...

Зоки Фаци ја носи Македонија на Мис Универзум во Мексико: Се бара најубавата Македонка!

Оваа година Македонија ќе учествува во престижниот избор за Мис на универзумот („Miss Universe“), со гала вечерта на која ќе се избере македонскиот претставник...