19.4 C
Ohrid
недела, септември 8, 2024
ПочетнаМакедонијаПодметната бомба во кафуле во Прилеп за време на „Пивофест“

Подметната бомба во кафуле во Прилеп за време на „Пивофест“

Во кафе барот „Кафе Ин“ синоќа околу 23.30 часот била подметната бомба.

Од Јавното обвинителство соопштија дека во присуство на припадници од Одделот за антитерористичка заштита, првично е утврдено дека предметот е бомба која по наредба на јавен обвинител е подигната, обезбедена и испратена на вештачење.

Истовремено, издадени се насоки и наредби за целосно расчистување на настанот.

Од МВР за случајот информираа дека се работи за школска бомба која немала експлозивно полнење.

„Нема повредени лица ниту материјална штета“, велат од МВР.

Во Прилеп се одржува 17-тото издание на „Пивофест“ кое ќе трае до недела. Главна ѕвезда на настанот вчера беше Светлана Ражњатовиќ-Цеца.

Ова е втор пат во период од 10 дена, бомба да биде поставена во кафуле во центарот на Прилеп.

 

spot_img
spot_imgspot_img
Предходна статија
Следна статија
Ел Чапо пристигнал во “планинскиот Алкатраз”: Нарко босот животот ќе го мине во ќелија од која се гледа само небото Точка20/07/201912:34 1.109Големина на фонт А А А Мексиканскиот нарко бос Хоакин Ел Чапо Гузман, влегол во затворот во Колорадо познат како “Алкатраз од Карпестите планини”, за да почне со издржувањето на доживотната затворска казна плус 30 години, откако бил осуден за шверц на тони кокаин, хероин и други дроги во САД, како и за планирање на убиства. Затворот со висока безбедност Супермакс, на 185 километри од Денвер, со околу 375 затвореници, е познат по тоа што од него никој не побегнал откако е отворен во 1994-та година, пренесува “Reuters”. Гузман се приклучил на листата озлогласени криминалци како што се Тед Качински, кој преку писма-бомби убил три лица, потоа учесникот во заговорот за 11-ти септември Закарија Мусави, Тери Николс, осуден за бомбашки напад во Оклахома Сити и бомбашот од Бостонскиот маратон Џохар Тсарнаев. Затворот е наречен Алкатраз од Карпестите планини по славниот затвор во Сан Франциско, меѓу чии затвореници бил и гангстерот Ал Капоне. Како и останатите затвореници, Гузман најверојатно ќе биде затворен 23 часа дневно во самица со мало прозорче, поставено така што од него се гледа само небото. Се очекува дека во неговата ќелија ќе има телевизор, а ќе може да гледа религиозни и едукативни програми. Специјалните рестрикции се користат за затворениците да не можат да шират влијание или да праќаат закани надвор од затворот. Затворениците не можат да се движат низ затворот без придружба, а ги пребројуваат најмалку шест пати дневно. Гузман два пати бегал од мексикански затвор, па откако во 2017-та бил екстрадиран на САД, бил целосно отсечен од надворешниот свет. ЕЛ ЧАПО ХОАКИН ГУЗМАН АЛКАТРАЗ ОД КАРПЕСТИТЕ ПЛАНИНИ КОЛОРАДО
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Весна Петрушевска откри дека има рак на дојката: Прво што ви паѓа на памет е дека вашето време е одбројано…

Актерката Весна Бејби Петрушевска преку вклучување во живо на својот „Инстаграм“ профил истакна дека дијагностициран и е рак. Како што вели, кога тоа ќе се...

Гаши: Албанскиот мора да биде еднаков со македонскиот!

Собранискиот претседател Африм Гаши вели дека албанскиот јазик мора да биде еднаков со македонскиот. Како што вели, ако Уставниот суд правилно ги прочита Законот и...

Таеквондо тренерот Борче Костовски ја доби наградата „8 Септември“ за животно дело во областа на спортот.

Спортскиот работник, тренер и претседател на Таеквондо федерацијата на Македонија, Борче Костовски е добитник на годинашната награда за животно дело „8 Септември“. Најголемиот успех...

Зоки Фаци ја носи Македонија на Мис Универзум во Мексико: Се бара најубавата Македонка!

Оваа година Македонија ќе учествува во престижниот избор за Мис на универзумот („Miss Universe“), со гала вечерта на која ќе се избере македонскиот претставник...