19.4 C
Ohrid
недела, септември 8, 2024
ПочетнаМакедонија(ФОТО) Помош и од Македонија: Отец Оливер Петровски замина кај малата Тијана

(ФОТО) Помош и од Македонија: Отец Оливер Петровски замина кај малата Тијана

Изминативе 10 дена, цела Србија ја потресе приказната за 5 – годишната Тијана и нејзината Марија од село Горна Козница. Имено, овие две дами едвај успеваа да ги преживеат деновите. Единствен приход им се средствата кои ги добиваат од детскиот додаток и социјалната помош, а тие не се доволни за да се преживее еден месец.

По објавувањето на нивната приказна на порталот хаштаг, добивале многу пораки во кои македонски граѓани изразиле желба да им помогнат. Сите тие под раководство на Отец Оливер Петровски од хуманитарната организација Св. Спас, собраа доволно помош која ќе биде доставена до Тијана и нејзината мајка.

„Отец Оливер Петровски и Игор Краљевски Бог да е со вас и лесен пат… се носат донации кај малата ТИјана и нејзината мајка Марија во село Горна Козница, Србија… сите кои донираа за ова мала принцезичка Бог да ве благослови“ – стоеше под фотографиите кои ги сподели нашата читателка.

Играчки, алишта, прибор, храна и уште многу работи потребни за секојдневна егзистенција ќе бидат доставени до оваа семејство, кое благодарение на хуманите луѓе ширум Балканот ќе успее да ја преживее зимата.

Ова е уште едне доказ дека сме навистина хумана нација и дека кога вистински е потребна помош, треба да се помогне.

И.М за Хаштаг.

spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Весна Петрушевска откри дека има рак на дојката: Прво што ви паѓа на памет е дека вашето време е одбројано…

Актерката Весна Бејби Петрушевска преку вклучување во живо на својот „Инстаграм“ профил истакна дека дијагностициран и е рак. Како што вели, кога тоа ќе се...

Гаши: Албанскиот мора да биде еднаков со македонскиот!

Собранискиот претседател Африм Гаши вели дека албанскиот јазик мора да биде еднаков со македонскиот. Како што вели, ако Уставниот суд правилно ги прочита Законот и...

Таеквондо тренерот Борче Костовски ја доби наградата „8 Септември“ за животно дело во областа на спортот.

Спортскиот работник, тренер и претседател на Таеквондо федерацијата на Македонија, Борче Костовски е добитник на годинашната награда за животно дело „8 Септември“. Најголемиот успех...

Зоки Фаци ја носи Македонија на Мис Универзум во Мексико: Се бара најубавата Македонка!

Оваа година Македонија ќе учествува во престижниот избор за Мис на универзумот („Miss Universe“), со гала вечерта на која ќе се избере македонскиот претставник...