3.2 C
Ohrid
недела, декември 22, 2024
ПочетнаИсторијаАко бев бугараш, немаше да трчам во Македонија да го видам...

Ако бев бугараш, немаше да трчам во Македонија да го видам својот ослободен народ-Христо Татарчев основач на ВМРО

spot_img
Роден 16 декември 1869 г. Ресен-5 јануари 1952 г. (82 г.) Торино, Италија
Еден од корифеите на ВМРО и личност вклучена од самите почетоци во организирањето на револуционерното движење.
По Илинденското востание, неговата улога во револуционерното движење е намалена.
Во текот на Балканските и Првата светска војна учествува како доктор.
По првата светска војна поради активности со МЕФО доаѓа во судир со Тодор Александров и, за да спаси жива глава, се преселува во Торино.
Во 1944 година го одбива предлогот на Ванчо Михајлов да биде претседател на творбата Независна Република Македонија.
Починува во Торино и е погребан на 7.1.1952 година. На венецот пишувало: „На великиот син – од Македонија”. Говор на погребот одржал Асен Аврамов, соработникот на Иван Михајлов од Македонската патриотска организација од САД, кој останал да се грижи за имотот на д-р Христо Татарчев. Наспроти неговата желба неговите посмртни останки да бидат пренесени во Солун, на иницијатива на македонски емигранти, на 23 октомври 2010 година, неговите посмртни останки биле пренесени во Бугарија, каде биле погребани на централните софиски гробишта во делот за ополченците со свечена церемонија.
„Во време на обединувањето (се однесува на обединувањето на Бугарија со Источна Румелија во 1885 г.), како ученик зедов учество како доброволец. Заедно со множество други луѓе на покривот на еден вагон стасавме до Трново Сејмен, каде се задржавме 20 дена. Оттаму мене, и други помдади ученици како мене, не вратија во Пловдив, и не приклучија кон новоформираните единици, а накај половината на ноември, по голем студ, кога и Марица беше замрзната, нашата дружина тргна пеш накај Сливница. Кога стасавме во Пазарџик, штотуку беше склучено примирјето. По десетина дена се вративме назад во Пловдив. Соборувањето на Батемберг ме затече во Габровскиот манастир, каде бевме се вратиле од една екскурзија на Бозлуџа. Во тие околности, во текот на сето време на моето учеништво во Пловдив, постојано си мечтаевме за ослободување на Македонија, но во нашите глави немаше ништо поопределено оформено за тоа прашање. Записите на Захариј Стојанов и сета литература, што прикажуваше за востанијата и за ослободувањето на Бугарија, се голтаа на еден здив.“ (од Спомените)

„По ослободувањето на Вардарска Македонија (1945), Татарчев се вратил во Ресен за да види како се живее таму и евентуално последните години да ги помине во Македонија. Во Ресен се сретнал со своите роднини и пријатели кои ги оставил пред многу години.

Вториот ден отишол во една кафеана каде што се пеела песната – Бог да го прости Миле Поп Јорданов. Нему му протекле солзи, а тогаш некои во црни мантили му рекле: “Ти си Бугараш, веднаш да ја напуштиш Македонија, што побргу”. Татарчев им одговорил: “Ако бев таков, немаше да трчам овде да го видам својот ослободен народ.” Вечерта, кога се прибрал дома, дошол некој негов близок роднина и му рекол: “Уште утре да го напуштиш Ресен оти ти подготвуваат нешто”. И така, по само три дена поминати во Македонија, заминал во Бугарија, но и таму не можел да живее со комунистите, па оттаму заминал во Торино, Италија. По 1947 година, роднините на Татарчев немале никаков контакт со него. Истовремено, поради неговото минато, тие биле следени од полицијата, а неговиот внук на брат бил затворен и му бил конфискуван имотот. Притоа, државата ги одзела сите фотографии и ракописи од неговите роднини, под изговор дека ќе ги искористи за историски цели. Неговата куќа во Ресен била национализирана и некое време на неа била поставена спомен-плоча, но без неговото име. Оставена без грижа од страна на државата, подоцна куќата се урнала.“

Колоризирана од „Македонија во боја – Macedonia in color“

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Две колешки од велешка пошта се степале на работа

Две колешки од велешка пошта се степале на работа Две вработени од велешката пошта се степале вчера додека биле на работа, соопшти полицијата. Инцидентот го...

Претреси во Тетово, пронајдени над 75.000 парчиња пиротехника.

Полициски службеници од СВР Тетово со судска наредба денеска во периодот од 9:30 до 14:20 часот извршиле претреси на повеќе локации во Тетово и...

Албанија – прва земја на Балканот која го забрани Тикток

Албанската влада одлучи да ја блокира платформата Тикток во Албанија. Оваа вест ја потврди министерката за образование Огерта Манастирлиу при презентацијата на Новиот акциски...

Протече водата низ цевките, скопјани вечерва слободно можат да се тушираат и да си ги завршат домашните обврски.

Во завршна фаза се активностите за санација и децениски задоцнета модернизација на главниот градски водовод. Акцијата започна денес на 21ви Декември сабота во раните...