12.9 C
Ohrid
петок, мај 9, 2025
ПочетнаАвстралијаДр Ицо Најдовски: Танец доаѓа во Австралија со агенда да...

Др Ицо Најдовски: Танец доаѓа во Австралија со агенда да ја разнебити заедницата

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Ние сметаме со парите кои ги одделил Заев преку Министерството за култура за „Танец“ да гостува во Австралија, многу подобро ќе биде да им помогне на болните кои мака мачат да си ги купат билките од аптека.

Др Ицо Најдовски -Перин во програмата на радио ZZZ од Мелбурн го искажа својот став околу доаѓањето на ансамблот Танец кое ја разбранува македонската јавност во Австралија кое за едни е само уметничко друштво а за други обид да се продаде приказната за Сверна Македонија.

Македонската дијаспора, и според реакциите на социјалните мрежи, може да се забележи дека гостувањето на Танец го гледаат како промоција на новото уставно име на нашата држава и сметаат дека целиот настан всушност има политичка позадина.

„Која е потребата „Танец” да доаѓа во Австралија со државни пари кои се земени од народот? Зошто Заев плаќа 50 авионски карти, сместување и и исхрана за Танец? Ние не гледаме потреба од култура, барем сега, да се носи во Австралија од Северна и да се промовира името како такво кај другите етнички заедници! Ние немаме потреба од брза култура, затоа што во Австралија имаме над 20 Македонски културно уметнички друштва кои ја негуваат македонската песна, оро и фолклор уште со формирањето на друштвото „Светлост“ во 1960 година. И затоа Македонците ќе го бојкотираат Танец затоа што доаѓа со политичка агенда. Да ја разнебити и Македонската заедница како што се разнебиди Македонија и македонскиот народ. Инаку, Танец бил наш гостин неколку пати и  јас сум бил еден од организаторите. Ние сметаме со парите кои ги одделил Заев преку Министерството за култура за „Танец“ да гостува во Австралија, многу подобро ќе биде да им помогне на болните кои мака мачат да си ги купат билките од аптека. На нив нека им ги додели парите, а не да го праќа „Танец“ да прави поделби и уништување на единството на Македонската заедница. Ние такви како Заев имаме видено многу и кога жестоко се боревме против разузнувачките служби на Југославија, Грција и Бугарија. Кога на нив им париравме успешно и не им дозволивме да го нарушат единството на Македонците од сите делови на етничка Македонија и сега нема да дозволиме Заев да ни пушта вода под рогузина. Овие поединци кои не ја почитуваат волјата, ставовите и барањата на Македонската заедница ги маргинализиравме, а ќе го почувствуваат тоа во текот на концертите. Не се исклучуваат и протести на самите концерти и порадикални пораки, вели Најдовски.

<

 

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Во Штип убиство и пукање во единственото кафуле на плоштадот во градот

Штипјани се видно вознемирени поради вечерашните случувања во централното градско подрачје. Според информациите од терен едно лице е усмртено со пиштол во единственото кафуле на...

Честитка од премиерот Мицкоски за изборот на новиот папа Лав XIV

Премиерот Христијан Мицкоски во негово и во име на Владата го честита изборот на новиот поглавар на Римокатоличката црква папата Лав XIV. - Изборот на...

Американецот Роберт Превост е новиот папа – Неговото ново име е Лав XIV

Откако над Систинската капела беше пуштен бел чад, што означуваше дека кардиналите го избраа 267-от поглавар на Римокатоличката црква, беше објавено кој е новиот...

Пуштен бел чад: Избран е новиот папа!

Бел чад е испуштен од оџакот на Сикстинската капела што значи дека е избран нов папа. Кардиналите попладнево одлучиле за наследник на папата Франциск односно...